Абасидски Калифат: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 53:
Овој период на културно остварување завршил во [[1258]] година со [[Опсада на Багдад (1258)|зазимањето на Багдад]] од страна на Монголите под Хулегу хан. Абасидската линија на владетели и муслиманската култура воопшто, повторно се центрирала во главниот град на Мамелуците, [[Каиро]], во [[1261]] година. Иако недостасувало политичка моќ, династијата продолжила да бара авторитет во религиозните прашања сè до османлиското освојување на [[Египет]] во [[1517]] година{{sfn|Holt|1984}}.
 
==Историја==
===Абасидска револуција (750–751)===
{{main article|Абасидска револуција}}
 
Абасидските калифи биле [[Арапи]] кои потекнувале од [[Абас ибн Абд ал-Муталиб]], еден од најмладите чичковци на [[Мухамед]] и од истиот клан на [[Бану Хашим]]. Абасидите тврделе дека се вистински наследници на пророкот Мухамед за разлика од потомците на [[Омејади]]те од [[Умаја ибн Абд Шамс]], врз основа на нивната поблиска крвна линија до Мухамед.
 
Абасидите исто така се издвојувале од Омејадите со напаѓање на нивниот морален карактер и администрација воопшто. Абасидите исто така свое внимание обрнале и на неарапските муслимани, познати како мавали, кои останале надвор од општеството на [[Арапи]]те, базирано на сродство, и истите биле сметани за пониска класа во рамките на империјата на Омејадите. Мухамед Ибн Али, правнук на Абас, започнал кампања за враќање на власта во семејството на пророкот Мухамед, Хашмитите, во [[Персија]] за време на владеењето на [[Умар II]].
 
За време на владеењето на [[Марван II]], ова кулминирало со бунтот на имамот Ибрахим, четвртиот по потекло од Абас. Поддржан од провинцијата [[Хорасан]], [[Персија]], гувернерот им се спротивставил, а шиитските Арапи постигнале значителен успех {{sfn|Hoiberg|2010|p=10}}{{sfn|Dupuy|Dupuy|1986|p=233}}, но тој бил заробен во [[747]] година и загинал, можеби убиен, во затвор.
 
На [[9 јуни]] [[747]], [[Абу Муслим]], кој се издигнал од Хорасан, успешно иницирал отворен револт против владеењето на Омејадите, што се одвивало под знакот на Црното Знаме. Близу 10.000 војници биле под команда на Абу Муслим кога непријателствата официјално започнале во [[Мерв]]{{sfn|Lewis|1995|p=102}}. Генералот Катаба го следел гувернерот на бегство [[Наср ибн Сајар]] на запад, победувајќи ги Омејадите во [[Битка кај Нишапур|битката кај Нишапур]], [[Битка кај Горган|битката кај Горган]], битката кај Нахаван и конечно во Битката кај Карбала, сите во годината 748{{sfn|Dupuy|Dupuy|1986|p=233}}
[[File:Balami - Tarikhnama - Abu'l-'Abbas al-Saffah is proclaimed the first 'Abbasid Caliph (cropped).jpg|250px|thumb|]]
 
Конфликтот бил преземен од братот на Ибрахим Абдала, познат под името [[Ас-Сафах|Абу ал-Абас ас-Сафах]], кој ги поразил Омајадите во [[750]] во битката кај Големиот Заб и подоцна бил прогласен за калиф<ref name="EB1911">{{Cite EB1911|wstitle= Abbasids|volume=1|page=10}}</ref>. По оваа загуба, Марван избегал во [[Египет]], каде што подоцна бил убиен. Остатокот од неговото семејство исто така било погубено{{sfn|Dupuy|Dupuy|1986|p=233}}.
 
Веднаш по нивната победа, Ас-Сафха ги испратил своите сили во [[Централна Азија]], каде што неговите сили се бореле против проширувањето на [[Династија Танг]] за време на [[Битка кај Талас|битката кај Талас]]. Благородното иранско семејство Бармакиди ја претставило првата светска фабрика за хартија во градот, со што започнала нова ера на интелектуална преродба во доменот на Абасидите. Ас-Сафха се фокусирал на задушување на бројните бунтови во [[Сирија]] и [[Месопотамија]]. [[Византијци]]те спровеле неколку напади за време на овие рани години{{sfn|Dupuy|Dupuy|1986|p=233}}.
===(752-775)===
 
== Наводи ==