Антонио Вивалди: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Јас ги направив примените затоа што сметав дека непотребно стојат линкови за некои личности (Џ. Батиста...), а нема соодветна страница за нив.
с Отстрането уредувањето на 79.126.128.184 (разговор), вратено на последната верзија на [[User:Kiril Simeonovski|Kiril Simeon...
Ознака: Отповикување
Ред 6:
=== Младост ===
 
Вивалди е роден во [[Венеција]], главниот град на Венецијанската Република на 4 март, а истиот ден е и крстен. Не се знае зошто животот на бебенцето бил во опасност, но раното крстување е најверојатно поради неговото слабо здравје, или пак поради земјотресот што го потресол градот тој ден. Вивалдиевото официјално црковно крстување се случило два месеца подоцна. Неговиот татко [[Џовани Батиста]] (Giovanni Battista), го научил малиот Антонио да свири на виолина, а покасно правел турнеи низ Венеција, свирејќи [[виолина]] со својот млад син. [[Џовани Батиста]] бил еден од основачите на [[Sovvegno dei musicisti di Santa Cecilia]], еден вид на друштво на музичари и композитори. Претседател на друштвото бил [[Џовани Легрензи]] ([[Giovanni Legrenzi]]). Многу е веројатно првите лекции за компонирање младиот Антонио да ги добил токму од него.
Вивалди имал здравствен проблем, наречен стеснување во градите (најверојатно некоја форма на астма). Неговиот здравствен проблем не го спречил да научи да свири виолина, ниту пак да компонира. На возраст од 15 години (1693) започнал да учи да стане свештеник, а во 1703, на возраст од 25 години бил одликуван како свештеник, и набрзо станал познат под името Црвениот Свештеник (''Il Prete Rosso'', "The Red Priest"), најверојатно поради неговата црвена коса.