Секирци: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 17:
 
== Географиja и местоположба ==
Селото Секирци е сместено во [[Прилепско Поле]], северозападно од градот [[Прилеп]]. Селото Секирци се наоѓа во северниот дел на Прилепското Поле, а во средишниот дел на [[Општина Долнени]]. Тоа е рамничарско село на надморска височина од 620 метри. Од градот [[Прилеп]] е оддалечено 27 километри. Најблиски околни села се Пешталево, Костинци и Браилово. Вода за пиење се добива од бунари длабоки од 3 до 8 метри. Извори нема. Секирци е село од збиен тип кое не се дели на маала. Роднинските куќи се блиску една до друга и повеќето се групирани. Помали делови на селото носат имиња според родовите Спасевци, Волчевци итн. Атарот зафаќа простор од 8,9 км2 на кои обработливото земјиште зазема површина од 808 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 50 хектари, поради што Секирци има полјоделска функција. Месностите и потезите на атарот ги носат следните имиња: Гарелица, Пепелиште, Мртвица, Баталица, Крива Врба, Камчеица, Влаканица, Бежица (нива купена од еден бег од Пешталево), Дабче, Гладница, Крушка, Испраен Камен за кои постои легенда која вели дека го фрлил [[Крал Марко|Крали Марко]] од [[Маркови Кули (Прилеп)|Марковите Кули]] над Прилеп, Бревче, Магарица, Јашарица, Кинатиште, Негрео Кладенче, Богатиница, Зад Корија, Грозданоец, Бучало, Шарена Петлица, Чаир (на карта: Голема Ливада).
 
== Историja ==
Ред 28:
== Економија и стопанство ==
[[Податотека:Collar-Sekirci.jpg|thumb|left|Јака од женска кошула, везена со алова, црна, модра и зелена волна. Техника „грабено“. С. Секирци, Прилепско Поле, почеток на XX век]]
Според составот на атарот селото Секирци има исклучиво полјоделска функција. Во 1953 година била основана државната задруга „Напредок“ која зафатила околу 120 хектари земја во атарот на Секирци. Потоа биле земени и помали делови од атарите на околните села [[Костинци]] и [[Пешталево]]. До Втората светска војна селаните најмногу произведувале жито, додека сега главен производ е тутунот. Во 1954 година секое семејство од продадениот тутун просечно добивало по 150.000 динари.
 
== Население и демографија ==
[[Податотека:Sekirci (6).JPG|мини|десно|[[Штркови]] во Секирци]]
 
ВоСпоред почетокотстатистиката на XX[[Васил векК’нчов|Васил воК'нчов]] село(„[[Македонија. Етнографија и статистика|Македониja, Етнографиja и статистика]]“) од 1900 година, во Секирци живееле околу 492 жители, сите [[Македонци]].<ref name=":0">Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.246.</ref> Според пописот од 2002 година, во селото Секирци живеат 302 жители, сите [[Македонци]].<ref>{{цитирана веб страница
 
Според секретарот на бугарската егзархија [[Димитар Мишев]], („[[La Macédoine et sa Population Chrétienne]]“) во 1905 година во Секирци имало 482 [[Македонци]], патријаршисти.<ref name=":1">Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 150 - 151.</ref>
 
Според пописот од 2002 година, во селото Секирци живеат 302 жители, сите [[Македонци]].<ref>{{цитирана веб страница
| url = http://www.stat.gov.mk/pxweb2007bazi/Dialog/varval.asp?ma=Popis_nm_1948_2002_NasPoEtnPrip_mk&ti=%CD%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8%E5+%ED%E0+%D0%E5%EF%F3%E1%EB%E8%EA%E0+%CC%E0%EA%E5%E4%EE%ED%E8%BC%E0+%F1%EF%EE%F0%E5%E4+%E8%E7%BC%E0%F1%ED%F3%E2%E0%9C%E5%F2%EE+%E7%E0+%E5%F2%ED%E8%F7%EA%E0%F2%E0+%EF%F0%E8%EF%E0%E4%ED%EE%F1%F2%2C+%EF%EE++%ED%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8+%EC%E5%F1%F2%E0%2C+%F1%EF%EE%F0%E5%E4+%EF%EE%EF%E8%F1%E8%F2%E5+%ED%E0+%ED%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8%E5+1948%2C+1953%2C+1961%2C+1971%2C+1981%2C+1991%2C+1994+%E8+2002++%E3%EE%E4%E8%ED%E0+%28%F1%EE%E3%EB%E0%F1%ED%EE+%F2%E5%F0%E8%F2%EE%F0%E8%BC%E0%EB%ED%E0%F2%E0+%EE%F0%E3%E0%ED%E8%E7%E0%F6%E8%BC%E0+%EE%E4+1996+%E3%EE%E4%E8%ED%E0%29&path=../Database/%CF%EE%EF%E8%F1%E8/%CF%EE%EF%E8%F1%E8%20%ED%E0%20%ED%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8%E5%201948%20-%202002/&lang=18
| title = Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) | publisher = Државен завод за статистика }}</ref>. По значителниот пад, Секирци денес бележи пораст на бројот на жителите. Во 1961 година во Секирци живееле 543 жители, во 1994 се преполовило на 258, а во 2002 бројот пораснал на 302 жители.
 
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години: <ref>Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.</ref>
{| class="wikitable"
!Година
!1900
!1905
!1948
!1953
!1961
!1971
!1981
!1991
!1994
!2002
|-
|'''Население'''
|492<ref name=":0" />
|482<ref name=":1" />
|666
|642
|543
|473
|423
|330
|258
|302
|}
 
===Родови===
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Секирци