Дебар: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 65:
== Први записи за името Дебар ==
[[Податотека:IMARO cheti in Debar 1908.jpg|мини|лево|Дочек на дебарските чети на ВМРО во градот за време на [[Младотурската револуција]]]]
Првиот пишан документ што го спомнува името Дебар е картата на [[Клавдиј Птоломеј]], направена околу средината на [[2 век|II век]] во која се нарекува ''Deborus''. [[Византија|Византискиот]] император [[Василиј II]] знаел за неговото постоење, додека Феликс Петанчиќ го споменува под името ''Dibri'' во [[1502]].
 
Јастребов во „Стара Србија и Албанија“ („Споменик Српске Краљевске Академије“ кн.41) пишува: „Тој град (Дебар) и за време на Скендербега не постоел“. [[Скендербег]] ја отпочнал војната со Турците во 1444 година, што значи дека и тогаш градот Дебар не постоел. Според Јастребов, на местото на денешниот град Дебар, се наоѓало село Оровник. Ова тој го заклучува од исказите на некои стари [[Албанци]]. Меѓутоа, некој Мустафа Џуф од Лусна му кажал на Јастребова дека под Оровник треба да се подразбира месност што се простирала од денешниот Дебар на север близу до село Граждани.
Ред 379:
 
== Знаменитости на Дебар ==
Во непосредна близина на Дебар (веднаш после таблата од лева страна) се наоѓа селото [[Рајчица]] кое е всушност негово предградие, во кое се наоѓа женскиот манастир [[Свети Ѓорѓи Победоносец]] кој е [[метох]] на најбогатиот македонски манастир [[Свети Јован Бигорски]]. Манастирот е возобновен во [[1999]] година и денес таму повторно се слави Ѓурѓовден. Во близина на дебарските села [[Баниште]] и [[Долно Косоврасти]] се наоѓаат познатите [[Дебарски Бањи|Дебарски бањи]]. Во Дебар сѐ уште може да се најдат некои изумрени [[занает]]и како терзии, дограмаџии и останати занаети кои сѐ уште опстојуваат и во чаршиите во [[Прилеп]] и [[Битола]]. ИстотакаИсто така познати се и дебарските мајстори-ѕидари, како и дебарските тапанџии и зурлаџии.
 
== Стопанство ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Дебар