Северна Европа: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
rv
→‎Релјеф: Поправенс грешка
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 66:
== Релјеф ==
Според одликите на релјефот, Северна Европа е мошне разновидна. На една страна се издвојува територијата на Данска, на полуостровот Јиланд и поголем број острови кои се рамничарски, со надморска височина под 200м. На Скандинавскиот Полуостров од Атлантикот се издигаат Скандинавските планини, чии сртови се протегаат по должината на Полуостровот. Тие во Шведкса се спуштаат кон [[Балтичкото Море]], поточно кон [[Ботанскиот Залив]]. Релјефот во Финска е претежно рамничарски, испресечен со десетици илјади езера по кои се одвива голем сообраќај. Поради глацијацијата, Скандинавските Планини спрема Атлантикот се одликуваат со карактеристични глацијални форми познати како фјордови. Тие настанале кога крајврежните долини биле исполнети со глечери кои со својот притисо ги продлабочиле и прошириле долините, а потоа со топењето на глечерите ваквите долини останале исполнети со вода, така што денес во вид на издолжени заливи навлегуваат длабоко во копното. Тие се пристуни по целиот норвешки брег и служат како важни пловни патишта за просториите во внатрешноста на земјата. Притоа се формирани многубројни глацијални морени и глацијални езера.
За разлика од стабилното скандинавско копно, на Исланд е присутно немирно земјиште со чести земјотреси и вулкански активности кои во секој момент претставуваат закана за населението. Дел од вулканите се под глечери, така што со нивното активирање се врши нагло топење на мразот и се предизвикуваат поплави. На Исланд се присутни голем број гејзери со термоминерални води кои населението ги користи за разни потреби и за затоплување.да прфнете
 
== Клима ==