Арјен Робен: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 40:
}}
 
'''Арјен Робен''' ([[хол.]] Arjen Robben, р. 2 јануари 1984 година) е [[Холандија|холандски]] фудбалер кој игра за германскиот [[Прва Бундеслига (фудбал)|бундеслигаш]] [[Бајерн Минхен]]. Иако е класифициран како напаѓач, тој обично игра на крилната позиција веднаш зад напаѓачите, и е познат по својот дриблинг, брзина, центаршут и прецизен удар од далечина. Тој, исто така е дел од холандската репрезентација и настапинастапил со неа на [[Европско првенство во фудбал 2008|Европското првенство 2004 година]], [[Светско првенство во фудбал 2006|Светското првенство 2006 година]], [[Европско првенство во фудбал 2008|Европското првенство 2008 година]] и на [[Светско првенство во фудбал 2010|Светското првенство во 2010 година]].
Робен најпрво се истакнаистакнал во Гронинген за кого настапуваше, и беше прогласен за играч на годината во холандското првенство во сезоната 2000-01. Две години подоцна, тој потпиша за ПСВ, каде што стана најдобар млад играч на годината во Холандија и ја освои титулата во холандското првенство. Следната сезона, водечките англиски тимови беа заинтересирани за потписот на Робен, и по долготрајни преговори, тој се приклучи на Челзи во 2004 година.
Дебитантскиот настап на Робен во Челзи беше одложен поради повреда, но откако закрепна од повредата тој му помогна на Челзи да освои две последователни титули во Премиер лигата и беше играч на месецот Ноември во 2005 година. По третата сезона во Англија, која беше нарушена поради повреда, Робен се пресели во шпанскиот тим Реал Мадрид за сума од 35 милиони евра. Во Август 2009 година, Робен премина во Бајерн Минхен за сума од околу 25 милиони евра и постигна два гола во дебитантскиот настап. Во својата прва сезона во Минхен, Бајерн ја освои шампионската титула, петта лига титула за Робен во осум години и стигна до финалето на Лигата на шампиони. По неговата прва сезона во баварскиот тим, играчот беше исто така именуван за фудбалер на годината во Германија.