Вроден имунолошки систем: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 4:
Сите бели крвни клетки се познати како [[леукоцит]]и. Леукоцитите се разликуваат од останатите клетки во организмот во тоа што не се силно поврзани со одреден орган или ткиво; како резултат на тоа, нивната функција е слична со независните, едноклеточни организми. Леукоцитите се способни да се движат слободно и да интерреагираат и да го заробат клеточниот отпад, страните честички и микроорганизми. За разлика од другите клетки во организмот, леукоцитите не можат да се делат и репродуцираат, туку тие се продукти на мултипотентните [[хематопоетски матични клетки]] присутни во коскената срцевина.
 
Во групата на леукоцити спаѓаат: [[клетките- природни убијци]], [[маст клетките]], [[еозинофил]]ите, [[базофил]]ите; и [[фагоцитните клетки]] во кои спаѓаат [[макрофаг]]ите, [[неутрофил]]ите, и [[дендритските клетки]], и функционираат во рамките на имуниот систем преку идентификација и елиминација на патогените кои можат да предизвикаат инфекција.
 
[[Категорија:Имунолошки систем]]