Автомобил: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 37:
 
И во [[Европа]] се случило речиси истото. Во 1924 година, „[[Морис]]“ ја поставил својата производна линија кај Ковели и го надминал „Форд“ во продажба следејќи го Фордовиот метод на вертикална интеграција во 1923, поради што го купил „Хочкис“ ([[Мотор со внатрешно согорување|мотори]]), „Вригли“ (менувачи на брзини) и „Озбертон“ (ладилници), како и конкурентниот „Волсли“: во 1925, Морис имал 41% од вкупното британско [[производство]] на коли. Многу британски мали автомобилски сојузници, како Абеј и Екстра, пропаднале. Истото се случило и со „[[Ситрое]]н“ во [[Франција]] во [[1919]] година; наспроти останатите евтини коли, како 10CB на „[[Рено]]“ и 5CB на „[[Пежо]]“, тој произвел 550 000 коли во [[1925]] година, а Морс, Хурту и останатите не можеле да го достигнат. Првото германско возило од масовна производна линија „Опел 4PS Лаубфрош“ се појавил во Руселхајм во [[1924]] година, по што „Опел“ станал главен производител на автомобили во [[Германија]] со 37.5% од пазарот.
[[Податотека:Vladimir Putin driving Lada Vesta 04.jpg|мини|Руската Лада Веста]]
 
 
Врз онова на податоците за продажбата на автомобили во првите девет месеци од [[2014]] година, најголем производител на светот бил „[[Тојота]] моторс корпорејшн“, со продажба од 7,615 милиони автомобили, додека на второто место е „[[Фолксваген]]“, со продадени 7,4 милиони автомобили. „Тојота“ постанала најголем светски производител во [[2008]] година, престигнувајќи го „[[Џенералс моторс]]“, но во [[2011]] година, повторно паднала на второто место.<ref>„Тојота останува најголем производител на автомобили“, ''Дневник'', година XVIII, број 5602, вторник, 28 октомври 2014, стр. 10.</ref> Но, во првата половина од 2015 година, групацијата „Фолксваген“ објавила дека продала 5,4 милиони возила, со што за 200.000 возила ја надминала „Тојота“ и станала најголем производител на автомобили во светот. На третото место во производството на автомобили останал „Џенерал моторс“.<ref>„Три дена во септември“, ''Економија и бизнис'', година 18, број 206, 12 август 2015, стр. 82-83.</ref>