Белата тврдина (роман): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Наводи: дополнување
→‎Содржина: дополнување
Ред 2:
 
==Содржина==
Романот се состои од пролог и 11 глави. Во прологот, потпишан од Фарук Дарвиноглу, е опишано наоѓањето на еден стар ракопис во градот Гебзе, во 1982 година. Притоа, авторот во ракописот се раскажува за заедничкиот живот на еден [[Венецијанска Република|венецијански]] [[роб]] и неговиот турски господар во [[Истанбул]], во [[17 век]]: Пловејќи од [[Венеција]] до [[Неапол]], неколку [[Брод (пловило)|брода]] се нападнати од турските гусари, кои ги заробуваат патниците и ги носат во Истанбул како робови. Меѓу нив се наоѓа еден млад човек, вљубеник во книгите, кој успева да се спаси претставувајќи се како [[Доктор по медицина|лекар]] и [[астроном]]. Благодарение на неговото скромно знаење, тој има повластен третман во [[затвор]]от, а пресвртот во неговиот живот се случува кога успева да го излечи Садик-[[паша]]. Подоцна, во домот на пашата, робот среќава човек, наречен Хоџа, кој неверојатно личи на него и кој, исто така, е голем вљубеник во [[наука]]та. Хоџа и робот се ангажирани да приредат огномет на [[свадба]]та на синот на пашата, нивниот проект се покажува како многу успешен и тие се богато наградени. За награда, робот добива понуда да стане [[муслиман]], но тој ја одбива понудата, а потоа него го купува Хоџа. Така започнува неговиот заеднички живот во домот на Хоџа, која постојано се прави дека не е свесен за нивната неверојатна сличност. Робот му ги пренесува своите знаења на Хоџа до областа на [[астрономија]]та и другите науки при што за своите идеи Хоџа успева да го заинтересира и малолетниот [[султан]]. Еден ден, Хоџа си го поставува прашањето: Зошто е таков каков што е и зошто другитекакви се поинаквилуѓето во западниот свет? ТогашПоради тоа, Хоџатој го принудува робот да почне да пишува за својот живот во Венеција, ано со текот на времето, робот го наведува својот господар и тој да почне да пишува за своите [[Идеја|идеи]] и [[сон]]ишта. Набргу, низ градот започнува да се шири [[чума]]та. На почетокот, робот е смртно уплашен од неа, а Хоџа е безгрижен, но кога неговото тело ќе се појави мал оток, дури и тој станува исплашен од [[смрт]]та. Истовремено, во текот на годините поминати заедно, доаѓа до неверојатен духовен пресврт во кој што робот го поприма однесувањето и мислењето на Хоџа, а Хоџа постепено се претвора во робот од времето на неговата младост. Притоа, искористувајќи го стравот на Хоџа, робот успева да избега на еден мал [[остров]], но таму копнее да се врати кај својот двојник, сè додека не го пронајде Хоџа и го враќа назад. Следејќи ги идеите на робот, Хоџа успева да го убеди султанот да преземе мерки за борба против чумата, кои се покажуваат успешни и градот е спасен. Тогаш, Хоџа е поставен за царски [[Астрологија|астролог]] и станува главен советник на султанот, добивајќи можност да ги оствари своите идеи за изработка на ново, моќно [[оружје]]. Меѓутоа, кога султанот го запознава робот, веднаш ја воочува нивната сличност и сфаќа дека тие си ги замениле своите личности. Тогаш, Хоџа се оддалечува од султанот, хистерично развивајќи го оружјето, додека робот станува миленик на султанот и времето го поминува уживајќи во секојдневните телесни задоволства. За време на воениот поход во [[Полска]], султанот ги повикува Хоџа и робот, заедно со моќното оружје кое Хоџа безуспешно настојува да го употреби во војната. Соочен со личниот неуспех, Хоџа започнува да го мачи [[Христијанство|христијанското]] население, обидувајќи да покаже дека е заглавено во гревови, а пашите коваат завера портив робот. Кога војската пристигнува пред една бела [[тврдина]], Хоџа и робот си ја заменуваат облеката и Хоџа бега кај христијаните, а робот го зазема неговото место како царски астролог. Кога султанот почнува отворено да зборува за неговиот вистински идентитет, тој дава оставка, се оженува и се сели во Гебзе, каде живее повлечен живот. Таму, тој почнува да ја пишува книгата за Хоџа и за робот која, во една прилика му ја чита и на прославениот [[Евлија Челебија]]. Еден ден, него го посетува странец кој му кажува дека бегалецот успеал да се врати во [[Италија]], каде се оженил со својата некогашна свршеница при што станал славен со своите книги за животот поминат меѓу [[Турци]]те. Тогаш, тој му ја дава да ја прочита својата книга и странецот ја сфаќа вистината.<ref>Orhan Pamuk, ''Bela tvrđava''. Beograd: Geopoetika, 2008.</ref>
 
==Осврт кон делото==