Белата тврдина (роман): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
 
→‎Содржина: илустрирање
Ред 2:
 
==Содржина==
[[Податотека:Beyaz Kale kitap.jpg|мини|Турското издание на „Белата тврдина“ од 1985 год.]]
Романот се состои од пролог и 11 глави. Во прологот, потпишан од Фарук Дарвиноглу, е опишано наоѓањето на еден стар ракопис во градот Гебзе, во 1982 година. Притоа, авторот во ракописот се раскажува за заедничкиот живот на еден [[Венецијанска Република|венецијански]] [[роб]] и неговиот турски господар во [[Истанбул]], во [[17 век]]: Пловејќи од [[Венеција]] до [[Неапол]], неколку [[Брод (пловило)|брода]] се нападнати од турските гусари, кои ги заробуваат патниците и ги носат во Истанбул како робови. Меѓу нив се наоѓа еден млад човек, вљубеник во книгите, кој успева да се спаси претставувајќи се како [[Доктор по медицина|лекар]] и [[астроном]]. Благодарение на неговото скромно знаење, тој има повластен третман во [[затвор]]от, а пресвртот во неговиот живот се случува кога успева да го излечи Садик-[[паша]]. Подоцна, во домот на пашата, робот среќава човек, наречен Хоџа, кој неверојатно личи на него и кој, исто така, е голем вљубеник во [[наука]]та. Хоџа и робот се ангажирани да приредат огномет на [[свадба]]та на синот на пашата, нивниот проект се покажува како многу успешен и тие се богато наградени. За награда, робот добива понуда да стане [[муслиман]], но тој ја одбива понудата, а потоа него го купува Хоџа. Така започнува неговиот заеднички живот во домот на Хоџа, која постојано се прави дека не е свесен за нивната неверојатна сличност. Робот му ги пренесува своите знаења на Хоџа до областа на [[астрономија]]та и другите науки при што за своите идеи Хоџа успева да го заинтересира и малолетниот [[султан]]. Еден ден, Хоџа си го поставува прашањето: Зошто е таков каков што е и зошто другите се поинакви? Тогаш, Хоџа го принудува робот да почне да пишува за својот живот во Венеција, а со текот на времето, робот го наведува својот господар и тој да почне да пишува за своите [[Идеја|идеи]] и [[сон]]ишта. Набргу, низ градот започнува да се шири [[чума]]та. На почетокот, робот е смртно уплашен од неа, а Хоџа е безгрижен, но кога неговото тело ќе се појави мал оток, дури и тој станува исплашен од [[смрт]]та. Истовремено, во текот на годините поминати заедно, доаѓа до неверојатен духовен пресврт во кој што робот го поприма однесувањето и мислењето на Хоџа, а Хоџа постепено се претвора во робот од времето на неговата младост. Притоа, искористувајќи го стравот на Хоџа, робот успева да избега на еден мал [[остров]], но таму копнее да се врати кај својот двојник, сè додека не го пронајде Хоџа и го враќа назад. Следејќи ги идеите на робот, Хоџа успева да го убеди султанот да преземе мерки за борба против чумата, кои се покажуваат успешни и градот е спасен. Тогаш, Хоџа е поставен за царски [[Астрологија|астролог]] и станува главен советник на султанот, добивајќи можност да ги оствари своите идеи за изработка на ново, моќно [[оружје]]. Меѓутоа, кога султанот го запознава робот, веднаш ја воочува нивната сличност и сфаќа дека тие си ги замениле своите личности. Тогаш, Хоџа се оддалечува од султанот, хистерично развивајќи го оружјето, додека робот станува миленик на султанот и времето го поминува уживајќи во секојдневните телесни задоволства.<ref>Orhan Pamuk, ''Bela tvrđava''. Beograd: Geopoetika, 2008.</ref>