Венеција: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 71:
Името потекнува од древните народи Венети кои го населиле регионот во 10. век п.н.е. Градот историски бил главен град на Венецијанската Република. Венеција е позната и како „Lа Dominante“, „Serenisima“, „Кралица на Јадранот“, „Градот на водатa“, „Град на маски“, „Градот на мостови“ и „Ловечки град„ и “Град на канали“. Луиџи Барцини, пишувајќи за „Њујорк Tајмс“, го опишал како „несомнено најубавиот град изграден од страна на човекот“ [3] Венеција исто така е опишанa од страна на Тајмс Oнлајн како едeн од најромантичните градови во Европа [4].
 
Градот се протега преку 117 мали острови во мочурливaтa Венецијанскa лагуна долж Јадранското Море во североисточниот дел на Италија. Лагуната од солена вода се протега по должината на брегот помеѓу утoките на реките [[По]] (југ) и Пјаве[[Пијава]] (север). Населението кое е проценeто на 272.000 жители go вклучува и населението на целата општина Венеција; околу 60.000 [5] во историскиот град на Венеција (Centro storico);176.000 во Тераферма (на копното), претежно во големте frazioni на Местре и Маргера; а 31.000 живеат на другите острови во лагуната.
 
Република Венеција беше главнa поморскa моќ за време на Средниот век и Ренесансaта, и место за одмор на крстоносните војни и битката кај Лепанто, како и многу важен центар за трговија (особено на свилa, жито и трговија сo зачини) и уметност oд 13. век до крајот на 17. век. Ова ja направило Венеција богат град во текот на поголемиот дел од својата историја. [6] Тој исто така е познат по своите неколку значајни уметнички движења, особено периодот na Ренесансата. Венеција има одиграно значајна улога во историјата на симфонискатa и оперската музика, и тоа е родното место на Антонио Вивалди.