Интерпол: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Infobox Geopolitical organization |name = Меѓународна криминална полициска организациј...
(нема разлика)

Преработка од 17:28, 16 јануари 2018

Меѓународната криминална полициска организација (на англиски: International Criminal Police Organization, на француски: Organisation internationale de police criminelle), подобро позната како Интерпол претставува меѓународна организација која има за цел да ја олесни соработката помеѓу полициските сили во светот. Таа била основана во 1923 година под името Меѓународна криминална полициска комисија (на англиски: International Criminal Police Commission).[1]


Меѓународна криминална полициска организација
Карта на земји-членки на Интерпол
Карта на земји-членки на Интерпол
Карта на земји-членки на Интерпол
СедиштеЛион,  Франција
Членство 192 земји-членки
Лидери
 •  Претседател Кина Менг Хонгвеј
 •  Генерален секретар Германија Јурген Сток

Буџетот на Интерпол изнесува околу 113 милиони евра, од кој поголемиот дел е обезбеден од годишните придонеси на полициските служби кои се нејзини членки. Нејзин актуелен Генерален секретар е Јурген Сток, поранешен заменик-шеф на Германската федерална полиција. Тој го замени местото на Роналд Нобл кој бил на таа позиција до ноември 2014 година по служба од вкупно 14 години.[2] Актуелен претседател на Интерпол е Менг Хонгвеј, заменик министер за јавна безбедност во Кина.

Наводи

  1. Име и лого, Интерпол (англиски)
  2. „Германецот Јурген Сток, нов шеф на Интерпол“. Sky News (англиски). 8 ноември 2014.

Надворешни врски