Историја на Пиринска Македонија (1913 - 2005): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Sashko1999 (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Sashko1999 (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Ред 11:
Во селото [[Кресна]] на 17 октомври [[1878]] година е подигнато Кресненското востание на македонскиот народ{{факт}} против османлиската власт. Востанието во тоа време било наречено Македонско Востание{{факт}}, но подоцна во историската наука оригиналното име било променето во [[Кресненско востание]] според местото на одржување на востанието.{{факт}} Главни раководители на востанието биле македонскиот револуционер{{факт}} [[Димитар Поп-Георгиев Беровски]] и војводата [[Стојан Карастоилов]].
 
Уставот на [[Македонски востанички комитет|Македонскиот востанички комитет]] од [[1878]] година пишува - ''Ние востанавме како поборници на слободата. Со нашата крв што ја пролеавме по планините и горите македонски, ние служиме како македонска војска на [[Александар Македонски]] за слободата со нашата девиза: Смрт или слобода!''{{факт}}. Исто така во уставот пишува дека во [[Македонија (регион)|Македонија]] живеат христијани и муслимани [[Македонци]]{{факт}}, а се набројани и Турците, Албанците и Власите како жители на Македонија. Сличен документ, но и побитен е [[Правилник за македонската војска|Правилникот за македонската војска]] напишан од [[Димитар Поп-Георгиев Беровски]] самиот водач на востанието{{факт}}.
 
Востанието било планирано да биде општонародно македонско востание и за таа цел биле формирани чети во тетовско, велешко, скопско, леринско, костурско и други краишта во Македонија. Востанието имало и за цел по ослободувањето на Македонија, да се спроведе членот 23 од Берлинскиот мировен договор кој предвидувал автономија, односно Македонија да стане нова независна држава на [[Балкан|Балканот]]{{факт}}.