Суперспроводливост: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-[[Category: +[[Категорија:)
Нема опис на уредувањето
Ред 65:
Кај нормален спроводник, електрична струја може да се визуелизира како флуид од [[електрон]]и кои се движат низ [[јон]]ска решетка. Електроните постојано се судираат со јоните од решетката и во секој судир се губи дел од [[енергија]]та која ја има струјата и се претвора во [[топлина]], односно вибрациска [[кинетичка енергија]] на јоните на решетката. Како резултат на тоа, енергијата пренесена од струјата постојано се губи. Ова е феноменот на електричен отпор и [[Џулово греење]].
 
Ситуацијата е различна во суперспроводник. Кај вообичаен суперспроводник, електронскиот флуид не може да се раздели во индивидуални електрони, туку се состои од врзани парови на електрони нарачени [[Куперов пар|Куперови парови]]. Ова спарување е предизвикано од привлечната сила меѓу електроните од размената на [[фонон]]и. Поради [[квантна механика|квантната механика]], енергетскиот спектар на овој Куперов пар има [[енергетска дупка]], што значи дека има минимална количина на енергија Δ''E'' која треба да се принесе за да се возбуди флуидот. Затоа ако Δ''E'' е поголемо од [[термална енергија|термалната енергија]] на решетката (добиена од ''kT'', каде ''k'' е [[БолцмановаБолтцманова константа|БолцмановатаБолтцмановата константа]] и ''T'' е [[температура]]та), флуидот нема да биде растурен од решетката. Поради тоа Куперовиот пар е [[суперфлуид]], што значи дека може да тече без загуба на енергија.
 
Во класата на суперпроводници познати како суперспроводници од II тип, вклучувајќи ги сите познати [[високотемпературни суперпроводници]], кога се применува електрична струја на температура не многу помала од критичната, се појавува мало количество на отпор. Ова е поради магнетните витли во електронскиот суперфлуид, поради што се губи дел од енергијата на струјата. Ако струјата е доволно мала, витлите се стационарни и се губи отпорот. Отпорот од овој ефект е мал во споредба со тој на не-суперспроводливите материјали, но мора да се земе во предвид кај сензитивните експерименти. Но ако температурата се намали многу под критичната точка, овие витли се замрзнуваат во место и се добива “вително стакло”. Кај температури пониски од оваа, отпорот на материјалот станува точно нула.