Разлика помеѓу преработките на „Архитектура на Кратово“

дополнување
(дополнување)
{{Без извори|датум=октомври 2009}}
{{викифицирање}}
'''Архитектурата на [[Кратово]]''' е карактеристична по типичната старогратска македонска архитектура. Речиси во сите градби се среќава каменот и дрвната конструкција, пересте и плитар. Ваквиот начин на градба им овозможува еластичнот и цврстина на градбите, во стилот на старомакедонската архитектура.Стреите и таваните биле украсувани со декоративни штички. Чардаците скоро на секоја куќа се посебно обележие на кратовската куќа. Од самиот чардак зависело и обликувањето на куќата. Вратите на куќите се еден од најубавите и најобработени детаљи. Тие се среќаваат како еднокрилни или пак двокрилни. Речиси во секоја кратовска куќа се градел амам, односно бања за капење. Како посебна просторија во куќата го среќавама огништето кое служело за загревање на просториите или за готвење храна.
 
=== Смиќева кула ===
Симиќевата кула е највисоката кула во Кратово. Се смета дека потекнува од 1370 година, а нејзината изградба историчарите ја поврзуваат со владеењето на [[Феудализам|федуалецот]] [[Костадин Дејанов]].<ref>Александар Матески, „Кратово и Куклици“, ''Економија и бизнис'', година 20, број 234/235, декември 2017/јануари 2018, стр. 108.</ref> Оваа [[Феудална кула|кула]] е висока 12,74 метри, а основата и е правоаголна со ширина од 6,10 метри. Вратата се наоѓа на јужната страна и е изведена од делкан камен. На кулата се забележуваат остатоци од проширувањата на страничните ѕидови. (може да се даде претпоставка дека оваа кула можеби била споена со друг објект кој подоцна бил срушен. На истиот ѕид десно од влезот на кулата во вид на рог е издадена пирамида која преставува самостоен објект. Тоа било бања со тоалет. Кулата има три ката. Спратовите се преградени со дрвена конструкција и поплочена со шестоаголни плочи. Дебелината на вратите изнесува 8 см, и се подебели од останатите кули. Тие се отвараат вртејќи се околу дебели оски потпрени во камен жлеб, а горниот крај на вратата е поставен во железни цевки. Скалите се доста стрмни и се дрвени, а само на третиот кат се камени. Третиот кат е висок 6,05 метри со крстест свод и покрив од плочи. Тука има камин, ниша, полици и долапи за покуќнина.
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
[[Категорија:Култура на Кратово]]