Транскрипција (генетика): Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Нова
(нема разлика)

Преработка од 22:45, 27 август 2008

Во генетиката, со терминот транскрипција се означува процесот на транскрибирање (препишување) на генетската информација потребна за синтеза на протеини од ДНК во информациона РНК. Всушност, овој процес е сличен со репликацијата на ДНК, но наместо ќеркини ДНК молекули се добива РНК. Транскрипцијата на ДНК започнува кога по реплицирањето, едната ќеркина низа служи како калап за синтеза на комплементарна РНК.

Транскрипцијата е катализирана од РНК полимераза. Прокариотскиот ензим се разликува од еукариотскиот по неколку значајни својства. Продуктите на транскрипцијата може да се поделат во три различни класи, според нивната функција: информациона РНК (m-RNA), транспортна РНК (t-RNA) и рибозомална РНК (r-RNA). Кај еукариотите, наместо m-RNA, се синтетизира hn-RNA (хетерогена јадрена или нуклеарна РНК). Еден дел од неа се деградира веднаш по синтезата, но останатиот недеградиран дел се претвора во m-RNA преку процес наречен врзување (splicing). Потоа m-RNA излегува од јадрото во цитоплазмата, каде се врши процесот на транслација.