Адам Мицкевич: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ситна поправка
сНема опис на уредувањето
Ред 41:
За разлика од многу романтистички поети, неговиот живот бил релативно лесен и без потреси. Живеел во емиграции во [[Русија]], [[Италија]], [[Франција]] и [[Швајцарија]]. Во [[Германија]] го запознал [[Гете]]. Тој се оженил во 1834. Селина Шимновска подоцна ментално се разболела, а тоа влијаело врз Мицкјевич да изврши самоубиство. Од 1840 предавал словенски јазик и книжевност на францускиот колеџ во [[Париз]]. Во своите предавања за словенската книжевност во Париз, Мицкјевич користел примери од српската народна книжевност и од трагедијата „Обилиќ“ од Симо Милутиновиќ Сарајлија.<ref>Ileszić Fran, Adama Mickiewicza paryskie „Wykiady“ i serbskiego poety Simy Milutinovicia „Tragedja Obilić" (1827). Warszawa, 1934.</ref> Местото го напуштил во 1844 година, понесен со идеите на религиозниот мистицизам. Тогаш паднал во семејна, психолошка и здраствена криза. Забележано е дека во зимата 1948-1949 година, го посетил [[Фредерик Шопен]], и самиот многу болен, кој што му свирел музика за да го смири.<ref>{{harvnb|Jachimecki||p=424}}</ref>
 
Некое време живеел во Русија во [[Одеса]], каде што е преместен по налог на руската полиција, по поделбата на Полска во 1795 година. Полјаците биле распространети низ целата Русија. Во Одеса бил во врска со Полјакината Каролина Собански. Подоцна се докажало дека Собанска била руски шпион, која што во Одеса барала полски револуционери. Сопругата Селина на Адам Мицкјевич умрела во 1855 година. Кога избила [[Кримска војна|Кримската војна]], ги напуштил своите малолетни деца во Париз, и отишол во [[Константинопол]] да организира полски и еврејски единици за борба против Русија. Додека на азиската страна на [[Босфор]], [[Флоренс Најтингејл]] ги спасувала ранетите од Кримската војна од колера, на западната страна од БосфородБосфорот од колера се заболел и Мицкјевич. Умрел на [[26 ноември]] [[1855]] година како жртва од епидемијата на [[колера]]та. Неговите посмртни останки со првиот брод биле префрлени во Париз, за да 1890 година бидат пренесени во Полска и погребани во Краков во познатата катедрала Вавел, покрај останатите великани на полската историја.
 
Неговото литературно дело создадено е за само 15 години. Инспирацијата од секогаш му била полската традиција и католицизмот. Баладите и романсите од 1822 година се обоени со фолклорни детали.