Разлика помеѓу преработките на „Охридска книжевна школа“

Меѓу непосредните ученици на свети Климент и на свети Наум е и [[Константин Презвитер]], подоцна [[епископ Преславски]]. Тој е познат по неговите творби [[Азбучна молитва]] и [[Проглас кон Светото Евангелие]]. Негови се и делата [[Поучно Евангелие]] и преводите на [[Четирите слова против аријанството]] од [[свети Атанасиј Велики]] и [[Катехизисот на св. Кирил Ерусалимски]] и многу други.
 
[[Црноризец Храбар]], чие вистинско име е непознато е исто така продолжувач на делото на [[светиСвети Климент Охридски|Свети Климент]] и на [[свети Наум]]. Негови дела се: [[О писменех]], кое е апологија на македонската писменост и тој овде ја брани [[македонската азбука]] и го заштитува македонското културно дело од страна на горделивите грчки асимилатори. Тој во ова дело напишал: „Македонските букви се посвети и се повеќе за почит, бидејќи се обработени од свет човек, а грчките ги создале Елините, кои биле пагани и незнабошци“.
 
== Почетоци на Охридската книжевна школа ==
Историските податоци и современите анализи извршени врз старословенскиот јазик утврдуваат факти што погледот кон природата на старословенскиот јазик е насочен кон сосема друг правец. Едно од прашањата што биле важни за понатамошно истражување на јазикот било утврдувањето на кој јазик или дијалект се засновал [[старословенски јазик|старословенскиот јазик]]. Бидејќи старословенскиот јазик бил главниот јазик во Охридската книжевна школа било од исклучителна значајност да се утврди ова прашање. Светските и македонските слависти сосема ја отфрлиле панонаската теорија за потеклото на старословенскиот јазик и со тоа се потврдила теријата за јужномакедонските говори. Така, славистите утврдиле дека старословенскиот јазик се базирал на говорите од Јужна Македонија особено врз говорите од [[Сухо]] и [[ВисокоВисока]].
 
Тесно поврзана со Охридската школа е и појавата на првата словенска азбука - [[глаголица]]та. Таа е создадена со цел да се преведуваат светите книги и различни литературни творби на јазикот кој народот би ги разбрал. Пред создавањето на македонската и сѐсловенската азбука, македонските словени и словенските народи што биле во близина на [[Грција]] и [[Апенинскиот Полуостров]] користеле грчки и латински букви за запишување на своите мисли. За ваквата ситуација сведочат и записите на монахот [[Црноризец Храбар]], според кој таквата ситуaција имало сѐ додека не Свети Кирил не ја создал глаголицата.