Македонска книжевност: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-романсиер +романописец)
Ред 22:
==Нова македонска книжевност==
 
Новата македонска книжевност е период од историјата и развојот на македонската книжевност кој ги опфаќа [[19 век|19]]XIX и [[20XX век]]. Според периодизацијата на македонската книжевност, овој период започнува во преродбениците во 19 век и трае до [[Втората светска војна]], кога започнува периодот на современата македонска книжевност. Овој период се дели на три мошне важни помали периоди: ''преордбенички, револуционерен'' и ''меѓувоен''. Со основањето на новата македонска книжевност, започнало и втемелувањето на современиот македонски јазик. Праксата да се пишува и објавува дела пишани на црковнословенски јазик од македонска редакција постепено се изоставала и започнало да се користи македонскиот народен говор во пишана форма. Оваа пракса е особено видлива и карактеристична за преродбеничкиот период на новата македонска книжевност, каде, меѓу другите, охридскиот, струшкиот, велешкиот, прилепскиот, битолскиот и тетовскиот говор ги исполнуваат страниците на книгите на голем број македонски преродбеници и револуционерни дејци. Периодот на новата македонска книжевност опфаќа плејада значајни личности и столбови на македонската национална книжевност, започнувајќи од [[Јоаким Крчовски]], [[Кирил Пејчиновиќ]], [[Партенија Зографски]], па преку [[Крсте Мисирков]], [[Христо Смирненски]], [[Никола Вапцаров]], [[Ѓорѓија Пулевски]], па сè до [[Коста Рацин]], [[Васил Иљоски]], [[Коле Неделковски]] и многу други.
 
==Современа македонска книжевност==
 
Современата македонска книжевност, или книжевноста на македонскиот јазик од завршувањето на Втората светска војна па сè до денес, е еден од најбогатите книжени периоди во историјата на јазикот. Овој период е карактеристичен првично по употребата на стандардниот пишан јазик, а што е поважно и забрзаното збогатување на македонскиот книжевен фонд. Грубо гледано, овој временски период започува од завршувањето на [[Втората светска војна]], некаде во 1943/ 1944 година. Започнувајќи од првата генерација како [[Славко Јаневски]], [[Владо Малески]], [[Блаже Конески]], [[Стале Попов]], [[Ацо Шопов]], [[Гане Тодоровски]], [[Ѓорѓи Абаџиев]], [[Иван Точко]], и другите, па сè до современите [[Георги Барбаровски]], [[Петре М. Андреевски]], [[Влада Урошевиќ]], [[Добре Тодоровски]], [[Владимир Мартиновски]], [[Богомол Ѓузел]], [[Радован Павловски]], [[Лидија Димковска]], [[Никола Маџиров]], и другите, современата македонска книжевност изобилува со плодни дејци, романописеци, поети, раскажувачи и патеписци. Паралелно со збогатувањето на на македонскиот книжевен фонд, цврсто се втемелила и кнжевнатакнижевната критика, која особено се развила со воспоставувањето на вискообразовните институции во [[СР Македонија|слободната македонска држава]].
 
== Наводи ==