Дебар: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 93:
[[Податотека:Debrani begstvo od balistite.jpg|мини|лево|220п|Бегство на Дебрани од налетот на Балистите во 1942 година]]
[[File:Proslava za 9 maj vo Debar.jpg|thumb|left|200px|Прослава за 9 мај во Дебар.]]
ИметоГолем дел научници тврдат дека името на градот ''Дебар'' е од [[Македонци|македонско]] потекло, односно со потекло и значење од [[Македонски јазик|македонскиот]], [[словенски јазици|старословенскиот и другите словенските]] јазици. На [[старословенски јазик]] именката ''дебар (дьбръ)'' означува ''долина, котлина''<ref>Станковска, Љубица. ''Средновековниот топонимски модел во Струмичко''. ''Акта Велјуса - Acta Veljusa'' - Зборник на трудови. Филозофски факултет, Скопје, 1984 год. стр. 142</ref>, што соодветствува со местоположбата и околината во која што се наоѓа градот Дебар. Во [[Македонија]] постојат повеќе имиња на села, области, предели и други топоними кои се изведени од именката ''дебар'' како што е областа, а воедно и котлина, етнографски предел и општина [[Дебарца]] во [[Општина Дебарца|Охридско]], селата [[Дебреше]] (Гостиварско), [[Дебреште]] (Прилепско), [[Дебриште]] (Кавадаречко) (во постари записи и тетовското село [[Доброште]] се среќава како Дебреште), месноста Дебревник (Струмичко)<ref>Станковска, Љубица. ''Средновековниот топонимски модел во Струмичко''. ''Акта Велјуса - Acta Veljusa'' - Зборник на трудови. Филозофски факултет, Скопје, 1984 год. стр. 142</ref>, со една заедничка карактеристика дека се наоѓаат во долини и котлини, односно подножја на планини каде започнува долинскиот или рамничарскиот дел на котлините. Исто така, македонскиот просветител, преродбеник и учител [[Јордан Хаџи-Константинов - Џинот]] во своите записи, патеписи и објавени статии во педесетите години на 19 век, често го употребува зборот ''дебрина, дебрини'' за долини и котлини. Оттаму може да се заклучи дека името (топонимот) ''дебар'' е образувано од физичкогеографски, односно орографски термини со значење долина, односно котлина<ref>Станковска, Љубица. ''Средновековниот топонимски модел во Струмичко''. ''Акта Велјуса - Acta Veljusa'' - Зборник на трудови. Филозофски факултет, Скопје, 1984 год. стр. 142</ref>. Имајќи ја предвид местоположбата на градот Дебар и Дебарското Поле, денес во најголем дел потопоено под вештачкото езеро, како и пошироката област Горни и Долни Дебар, во котлина помеѓу планините [[Дешат]], [[Стогово]] и [[Јабланица]], а воедно и предел каде се составуваат долините на реките [[Радика]] и [[Црн Дрим]], со сигурност може да се заклучи дека градот го добил своето име од страна на своето староседелско македонско население и неговиот јазик, како резултат на својата географска положба.
 
Но сепак името ''Дебар'' се споменува уште пред доаѓањето на Словените, односно зборот ''Дебар'' ѝ е познат на историјата уште пред нашата ера. Така во „Историја Уннов“ на стр.86 пишува: „''Во 268 година пред Христа...Готите со 6000 лаѓи и 320 000 војници влегле во Св. Гора, го опседнале Солун, дошле до Дебар каде што се судриле со римската коњаница.''..“ Од ова произлегува дека Дебар е остаток од пражителите на тоа место, со чие се нарекувала целата долина (deboros) и покраина. Оваа теза ја потврдува и чешкиот историчар Иречек, кој меѓу другото вели дека зборот не е словенски, туку произлегува од латинскиот deboros, со значење ''котлина, долина''.
 
Легендите на народниот раскажувач поинаку го толкуваат потеклото на името Дебар: Во свое време Дебар бил едно големо село, чии жители се занимавале со занаети и кираџилук. Кираџиите, патувајќи по стрмните патишта ги заморувале коњите, особено кога се враќале, бидејќи биле многу натоварени. Заморените коњи тие ги терале со „Ди-бре, ди-бре! “ и со времето овој назив останал да се употребува за селиштето.
 
== Население ==
Ред 370 ⟶ 374:
 
[[Податотека:Women from Debar, old.jpg|мини|десно|Македонки од Дебар во почетокот на XX век]]
 
== Населби и маала ==
Градот е поделен на неколку маали и тоа: Варош, Будулец, Џиматовци, Горно Тикварци, Долно Тикварци, Мазија, Вакуф, Долна Маала, Муроец, Пичаковци, Шаваец и некои други помали.
 
== Знаменитости на Дебар ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Дебар