Јоаким Крчовски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с ситна поправка
Ред 24:
Исвесна поткрепа на веста дека Јоаким потекнувал од [[Кичево]], односно Кичевско (с. [[Осломеј]]), наоѓаме во неговото презиме Крчовски, кое може да се изведува од турската варијанта на името на Кичево (Крчова: таа варијанта е употребена во запис од 1846 година во псалтир што му припаѓал на Шишевскиот манастир кај [[Скопје]]: „писал Аврам от Крчово, село Доленце Аголско“; дека била обична и во македонската средина се гледа особено од тоа што и Миладиновци ја употребиле во белешка при пресната бр. 339: От Крчово, кун Дебарските места). И јазикот на Јоаким содржи особености што можат да го потврдат преданието дека неговата фамилија потекнува од Кичевско. А.М. Селишчев во својата студија за хаџи Јоакима и за јазикот на неговите книги забележа дека во тој јазик се среќаваат и елементи на централномакедонските говори. Тие се среќаваат спорадично насекаде и во делови за кои е јасно дека се препишувани од оригинали што немаат врска со [[Западна Македонија]]. Останува како најприродно објаснението дека тие елементи се влезени во текстовите на Крчовски од неговиот роден западномакедонски говор.
 
Како што се гледа од тие тесктови, Крчовски во нивната основа ги поставува североисточните говори. Според тоа треба да се претположи дека во североисточна Македонија тој живеел уште од рана возраст. Но тоа не значи дека од неговиот говор биле истиснати сите западномакедонски особености. Тие можеле да се одржуваат во неговиот домашен круг. И така, споменот за потеклото на Крчовски од Кичевско ни се чини веродостоен. < ref >Јоаким Крчовски, Собрани текстови, приредил Блаже Конески, македонска книга, Скопје, 1974< /ref >
 
== Творештво ==