Јоаким Крчовски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 26:
Како што се гледа од тие тесктови, Крчовски во нивната основа ги поставува североисточните говори. Според тоа треба да се претположи дека во североисточна Македонија тој живеел уште од рана возраст. Но тоа не значи дека од неговиот говор биле истиснати сите западномакедонски особености. Тие можеле да се одржуваат во неговиот домашен круг. И така, споменот за потеклото на Крчовски од Кичевско ни се чини веродостоен.
 
== ЖивотТворештво ==
Јоаким Крчовски живеел и работел на преминот од XVIII во XIX век. Немаме податоци за неговото раѓање, времето и местото, како ни за смртта. Се претпоставува дека презимето го добил според турскиот назив за Кичево - Крчово и дека најверојатно бил родум оттаму. Учителствувал во Паланка и Кратово и со тоа, тој е еден од првите наши манастирски учители.
 
Крчовски отпечатил пет книги:
 
* „Слово исказаное заради умирание“, печатена 1814 г. во Будим и е анонимна, но според стилот и јазикот, му припаѓа нему. Тоа е '''првата книшка на народен македонски јазик''', составена од проповеди наменети за воспитување во христијански дух. Станува збор за малечка книшка од 30 страници мала осмина. Нејзината содржина ја сочинуваат две проповеди „Слово исказаное заради умирание“ и „Слово заради свјатое исповедание на сички христиани, на мужи и на жени“. Всушност првата проповед не е ништо друго ами скратена верзија на текстот на „Митарства“, објавен подоцна од Крчовски во целост на посебна книшка. Овде е даден расказот за Теодора и св. Василија, но не се опишуваат по ред сите дваесет митарства. Текстот е близок до оној во „Митарства“, иако немаме полно совпаѓање.
 
*„Повест ради страшнаго и втораго пришествија Христова“, отпечатена исто 1814 г. во Будим. На насловната страна е даден податокот: списана от хаџи Јоаким даскала - од каде дознаваме дека бил учител во едно од манастирските училишта каде наставата се одвивала на македонски народен јазик.
Ред 83 ⟶ 81:
 
== Наводи ==
{{наводи}} <small>''2. Јоаким Крчовски, Собрани текстови, приредил Блаже Конески, македонска книга, Скопје, 1974''</small> {{МакЛит}}
{{наводи}}
 
{{МакЛит}}
 
{{Македонско национално движење}}