Јоаким Крчовски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на Agrijanec (разговор), вратено на последната верзија на Buli
Нема опис на уредувањето
Ред 14:
[[File:Различна поучителна наставленија - Ј.Крчовски0001.tif|мини|десно|Насловната страница на „Различна поучителна наставленија“, Будим, 1819 г.]]
'''Јоаким Крчовски''' ([[1750]]-[[1820]]) — првиот [[Македонци|македонски]] [[Просветителство|просветител]], кој со своето дело и свештеничката професија бил народен учител и просветител на Македонците во првата половина на [[XIX век]], време во кое ширењето на [[Христијанство|христијанскиот]] морал било единствениот начин да се избегне [[исламизација]]та <ref name="IMN"><small>''Историја на македонскиот народ, книга втора, издава нип Нова Македонија - заедница за издавачка дејност, книги, периодика и публицистика - Скопје, Скопје, 1969 година''</small></ref>.
 
== Потекло ==
Некои спомени за Јоакима во народното предание, особено од [[Кратовско]] и [[Кривопаланечко]] побудуваат несомнен интерес, но нивната веродостојност не може, се разбира, во сè да се потврди. Според соопштението на кратовчанецот Е. Кранов, татко му на Јоаким бил од [[Кичево]]. Фамилијата се преселила прво во [[Самоков (Бугарија)|Самоков]], отаде во [[Крива Паланка]] и после во [[Кратово]]. Јоаким се учел во [[Цариград]]. Како даскал во [[Кратово]] тој ги учел заедно машките и девојчињата. „Тој и неговите синови - вели Каранов - биле скитници проповедници по различни цркви и параклисчиња од Штип до Ќустендил. Во едно од таквите скитања и умрел Хаџи Јаким“.
 
Според вестите што ги собрал Ј. Иванов од [[Крива Паланка]] би излегувало дека Јоаким бил родум од кратовските села, дошол во Паланка и таму живеел до својата смрт. Кај неговите внуци се чувала сингелија за располагањето на Јоаким за свештеник, пишувана на [[црковнословенски јазик]], издадена во 1787 година од скопскиот митрополит Захариј (Ј. Иванов, меѓутоа, немал можност и лично да го види тој документ).
 
Јоаким имал три сина, ос кои свајцата исто станале попови: Давид јереј останал во [[Крива Паланка|Паланка]], Геогри јереј се преселил во [[Кратово]], а третиот син во [[Самоков (Бугарија)|Самоков]]. Ј. Иванов соопштува и за една белешка во зборник што му припаѓал некогаш на кратовчанецот Коџе Хаџи Трајчев, а која гласи: „Занимавалсја Х. Јоаким исповедник в град Кратово, 1781 година“. Тој смета дека оваа белешка потекнува од самиот писател, меѓутоа А.М. Селишчев ја отфрла таа претпоставка излегувајќи од јазичните и ортографските особености одразени во неа. Тој укажува и на несоодветноста на датумот: Јоаким, којшто, според сингелијата, станал свештеник во 1787 година, не можел да биде веќе неколку години пред тоа исповедник.
 
Исвесна поткрепа на веста дека Јоаким потекнувал од [[Кичево]], односно Кичевско (с. [[Осломеј]]), наоѓаме во неговото презиме Крчовски, кое може да се изведува од турската варијанта на името на Кичево (Крчова: таа варијанта е употребена во запис од 1846 година во псалтир што му припаѓал на Шишевскиот манастир кај [[Скопје]]: „писал Аврам от Крчово, село Доленце Аголско“; дека била обична и во македонската средина се гледа особено од тоа што и Миладиновци ја употребиле во белешка при пресната бр. 339: От Крчово, кун Дебарските места). И јазикот на Јоаким содржи особености што можат да го потврдат преданието дека неговата фамилија потекнува од Кичевско. А.М. Селишчев во својата студија за хаџи Јоакима и за јазикот на неговите книги забележа дека во тој јазик се среќаваат и елементи на централномакедонските говори. Тие се среќаваат спорадично насекаде и во делови за кои е јасно дека се препишувани од оригинали што немаат врска со [[Западна Македонија]]. Останува како најприродно објаснението дека тие елементи се влезени во текстовите на Крчовски од неговиот роден западномакедонски говор.
 
Како што се гледа од тие тесктови, Крчовски во нивната основа ги поставува североисточните говори. Според тоа треба да се претположи дека во североисточна Македонија тој живеел уште од рана возраст. Но тоа не значи дека од неговиот говор биле истиснати сите западномакедонски особености. Тие можеле да се одржуваат во неговиот домашен круг. И така, споменот за потеклото на Крчовски од Кичевско ни се чини веродостоен.
 
== Живот ==