Разлика помеѓу преработките на „Дебар“

Додадени 10.108 бајти ,  пред 2 години
==Географија и местоположба==
[[File:Дебар и Дебарското Езеро 02.JPG|thumb|мини|лево|Поглед на градот Дебар крај [[Дебарско Езеро|Дебарското Езеро]]]]
Градот Дебар се наоѓа во [[Дебарска Котлина|Дебарската Котлина (Поле)]], на крајниот западен дел на [[Западна Македонија]] и воопшто на [[Република Македонија]] близу до границата со [[Албанија]]. Од [[Скопје]] е оддалечен 131 км, а најблиски градови до него се [[Струга]] (52 км) и [[Гостивар]] (71 км). Дебар лежи во југоисточниот дел на [[Дебарско Поле|Дебарското Поле]] во подножјето на планината [[Дешат]] (Крчин) на надморска височина од 625 метри. ИстотакаИсто така Дебар е опкружен и со планините [[Стогово]] на исток и [[Јабланица]] на југ, кои го одделуваат дебарскиот крај од соседните области [[Кичевско]] и [[Дримкол]] во [[Струшко]]. Градот Дебар се наоѓа на самиот брег до вештачкото [[Дебарско Езеро]], кое е заезерено со изградба на браната Шпилје во [[1969]] година на вливот (утоката) на реката [[Радика]] во [[Црн Дрим]], непосредно на јужниот крај на градот. Планините и брдата [[Крчин]], Тикварци и Пашина Ливада му даваат на градот прилично убав изглед.
 
Низ Дебар минуваат неколку рекички како Вакуфска Река, Бански Поток, Цинцароска Река и некои помали. Водата од овие реки се влива во [[Црн Дрим|Црни Дрим]].
 
Климата во градот е мешовита од континентална и планинска со изразити одлики и на средоземноморската (медитеранската) клима кои се резултат на силното климатско влијание од [[Јадранското Море]] кое доаѓа и се чувствува од запад по долината и течението на [[Црн Дрим]]. Зимите во Дебар се одликуваат со обилни снежни врнежи, а поради високите планини, јадранското влијание и постоењето на вештачкото езеро пролетта и есента се одликуваат со голема влажност и врнежи, додека летата се одликуваат со пријатна свежина.
 
== Први записи за името Дебар ==
== Историја ==
[[Податотека:IMARO cheti in Debar 1908.jpg|мини|лево|Дочек на дебарските чети на ВМРО во градот за време на [[Младотурската револуција]]]]
Првиот пишан документ што го спомнува името Дебар е картата на [[Клавдиј Птоломеј]], направена околу средината на [[2 век]] во која се нарекува ''Deborus''. [[Византија|Византискиот]] император [[Василиј II]] знаел за неговото постоење, додека Феликс Петанчиќ го нарекуваспоменува овојпод градимето ''Dibri'' во [[1502]]. Во времето на [[Османлиската империја]] Дебар бил дел од [[Битолскиот вилает]]. На почетокот на [[19 век]] Дебар се побунил против турскиот султан, и во овој период, како што тврди еден француски патеписец, Дебар имал 64 продавници и 4.200 жители. На крајот од векот, градот имал 15.500 жители, но по завршувањето на[[Првата светска војна]] овој број се намалил.
 
Јастребов во „Стара Србија и Албанија“ („Споменик Српске Краљевске Академије“ кн.41) пишува: „Тој град (Дебар) и за време на Скендербега не постоел“. [[Скендербег]] ја отпочнал војната со Турците во 1444 година, што значи дека и тогаш градот Дебар не постоел. Според Јастребов, на местото на денешниот град Дебар, се наоѓало село Оровник. Ова тој го заклучува од исказите на некои стари [[Албанци]]. Меѓутоа, некој Мустафа Џуф од Лусна му кажал на Јастребова дека под Оровник треба да се подразбира месност што се простирала од денешниот Дебар на север близу до село Граждани.
 
Летописецот Акрополита (1257 г.) вели дека на патот од [[Драч]], преку [[Мат]] во Дебар бил принуден да остане повеќе одошто требало, бидејќи патот бил опасен од востанатото население. Меѓутоа, овде искрснува прашањето дали под името Дебар се подразбира град или покраина. Повеќе од научниците сметаат дека овде станува збор за покраина бидејќи докази за постоењето на називот Дебар уште во XII, па и во XI век, има доста.
 
Пред сè, арапскиот научник Идризи во 1153 година пишува: „Патот Via Egnatia за [[Скопје]] минувал од [[Драч]]-[[Тирана]]-Дебар под долината на реката [[Радика]], [[Маврови Анови|Маврови Ханови]], [[Горни Полог|Горни]] и [[Полошка Котлина|Долни Полог]] преку [[Жеден]] планина за [[Скопје]].“
 
Прв пат градот Дебар под неговото име во географските карти е напишан во една карта издадена во 1545 година со „Dibri“. Потоа и Барлет, биограф на Скендербег во 1577 година вели „самиот бил во градот ''Горни Дебар''“. Од ова произлегува дека при крајот на XV и почетокот на XVI век имаме сигурни податоци за потоењето на градот Дебар.
 
== Историја ==
Населувањето на [[Словени|Словените]] во Дебарската област се случува во VII и VIII век. Географските и топографските номенклатури говорат од XVII и XVIII век говорат дека Дебарската област била населена со словенско население. Така од 122 називи на селата во Дебарско, 103 носат словенски имиња, додека другите 19 имаат турски називи. До навлегувањето на [[Турци|Турците]] словенското и албанското население во Дебарската област било [[христијанско]]. Но оттогаш започнува исламизирањето. Веројатно во почетокот ова исламизирање се вршело по барање на самото месно население. Тоа било предизвикано од чисто економски причини - зачувување на имотите, неплаќање даноци и добивање на разни други привилегии што им ги давала турската власт на муслиманите.
 
Општото движење на македонското население од селата во градот е забележано од XVII век наваму. Ова е предизвикано од честите зулуми и засилените грабежи, Најголеми иселувања се забележани од селата на Два Брата Планина. Меѓутоа, Дебар особено нараснува околу средината и при крајот на XIX век.
 
Во 1832 година се воведува задолжителен данок - „бедел“ за христијанското население. Тоа доведува до исламизирање на многу христијански семејства. Во тоа време станале големи преместувања од селата кон Дебар и понатаму. Ова преместување продолжува низ целиот XIX век. На местото на македонското население се населувале [[Албанци]]. Отаде во дебарските говори се среќаваат многу албански зборови. Многу македонски фамилии доселени во Дебар си ги зачувале своите семејни имиња по селата од каде што дошле, како на пример ''Кочишки'', ''Броштички'', ''Осолнички'', ''Банишки'', ''Раички'', ''Макеларски'', ''Обочки'', ''Радоешки'', ''Отиштански'' и др.
 
Хан во 1865 години бележи дека градот Дебар имал 2 000 куќи со 10 000 жители, додека Шемседин во 1891 година запишал дека Дебар бил населен со 20 000 жители. Како што може да се забележи Дебар бил најмногу населен во XIX век, а најмногу поради тоа што градот бил важен сообраќаен крстопат и еден од најголемите македонски трговски центри. Низ Дебар минувал главниот пат Via Egnatia. Во исто врмее градот ги опфаќал сите покраини од двете страни на средното течение на Црни Дрим - од [[Струга]] до [[Призрен]], од [[Тирана]] до [[Кичево]] и од [[Елбасан]] до [[Гостивар]]. Сето тоа му придавало големо значење на екномскиот центар на западната страна на Балканскиот Полуостров. Преку Дебар се движеле долги колони каравани во разни правци, за [[Албанија]], [[Солун]], [[Скопје]]. Најтесен контакт во трговски однос Дебар имал со [[Елбасан]], потоа со [[Битола]], [[Солун]] и [[Скопје]]. Во Дебар се внесувало жито, стока и манифактура, а се изнесувало знатно количество кожи и тоа најмногу од ситна стока, потоа гајтан и земјени садови. Дебар се развивал сè до поставувањето на границата меѓу Југославија и Албанија кога неговото значење почнува нагло да опаѓа. Во тој период Дебар ја изгубил својата моќ на трговски центар.
 
Покрај трговијата, во Дебар било многу развиено занаетчиството. Најмногу развиени занаети биле којунџискиот, тервискиот, ковачкиот, ѕидарскиот, потоа опинчарскиот, бојаџискиот, зографскиот, казанџискиот и др. Интересно е што со занаетчиство најмногу се занимавало само македонското население, додека албанското повеќе било трговско. Околното население повеќе се занимавало со земјоделство, а помалку со сточарство. Во почетокот на XIX век во Дебарско почнува да се развива печабарството. Ова печалбарство го предизвика феудалниот поредок. Земјата се наоѓала во рацете на агите и беговите. Неа ја обработувало бедното македонско население, помалу и албанското. Наградите за вложениот труд биле мизерни. И тие требало да бараат начини за својот и опстанокот на своите семејства. Започнале масовни печалбарски миграции во [[Бугарија]], [[Турција]], [[Србија]], [[Романија]], па и во [[Египет]] и [[Соединети Американски Држави|Америка]]. Некои од печалбарите сосема се иселувале од Дебар и останувале постојано да живеат во местата каде што работеле. Денес потомци на дебарчани има во [[Солун]], [[Софија]], [[Белград]], [[Букурешт]], а во [[Скопје]] има и свое маало - „[[Дебар Маало|Дебар маало]]“. Во 17-19 век многу развиена била Дебарската дрворезбарска школа. Нејзините претставници изработиле многу иконостаси во [[Македонија]], [[Бугарија]], [[Србија]] па дури и во [[Русија]]. Кон крајот на 19 век, во дебарскиот затвор бил затворен и измачуван од турските власти големиот македонски преродбеник [[Григор Прличев]], кој убаво го има опишано Дебар во својата автобиографија.
 
[[Податотека:Debar vo 2010 (6).JPG|мини|десно|Споменик на паднатите борци во Дебар]]
Поради својот економски процут, богатството на своите жители и прочуеноста на дебарските мајстори-градители и ѕидари, во времето на Отоманската Империја постоела изреката: „Стамбол„''Стамбол гори, Дебар го гради“гради''“.
 
===Потекло и значење на името Дебар===