Дуинген: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
нс
Ознака: Изворно уредување 2017
(нема разлика)

Преработка од 19:58, 4 јануари 2018

Дуинген (германски: Duingen) — слободна општина во округот Хилдесхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа 25 километри југозападно од Хилдесхајм и 40 километри јужно од Хановер.

Дуинген
Католичката црква во Дуинген
Католичката црква во Дуинген
Католичката црква во Дуинген
Грб на Дуинген
Дуинген во рамките на Германија
Дуинген
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Хилдесхајм
Општ. заед. Висорамнини Лајне
Основни податоци
Површина 59,62 км2
Надм. височина 193 м
Население 4.894 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 82 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HI
Пошт. бр. 31089
Повик. бр. 05185
Портал www.Duingen.de
Местоположба на Дуинген во рамките на округот Хилдесхајм
Карта
Карта
Координати 52°00′0″N 9°42′0″E / 52.00000° СГШ; 9.70000° ИГД / 52.00000; 9.70000

Општината поседува пазарно право и со тоа има некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, означена е како „флекен“ (Flecken), мала населба со локално значење.

Од 1 ноември 2016 година, поранешните општини Копенграфе, Хојерсхаузен, Мариенхаген и Венцен се дел од општината Дуинген. Сите тие биле дел од поранешната истоимена општинска заедница.

Географија

Местоположба

 
Поглед на Дуинген

Дуинген се наоѓа источно од Природниот парк Висорамнини Везер Шаумбург-Хамелн во рамките на Висорамнини Лајне помеѓу ридовите Ит, Тистер Берг и Дуингер Берг. Во близина се наоѓа изворот на притоката на Лајне, Зале. Низ Дуиншката Шума водат повеќе пешачки и велосипедски патеки.

Општински единици

Општината Дуинген е составена од следниве единици:

(состојба 30 ноември 2016)[2]

Наводи

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)
  2. Einwohnerzahlen der Samtgemeinde Leinebergland..

Надворешни врски