Наставка: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето |
сНема опис на уредувањето |
||
Ред 10:
Суфиксите што се употребуваат во англискиот јазик често имаат француско, латинско или грчко потекло.
== Флективни суфикси ==
Флективните суфикси вршат граматички промени на зборот во рамките на неговата граматичка категорија.
Суфиксот –'''ed''' се додава на коренскиот збор и јасно имплицира минато време.
Ред 18 ⟶ 16:
-'''s''' – трето лице, сегашно време
-'''ed''' – минато време
-'''ing''' – трајно време
-'''en''' – минат партицип
-'''s''' - множина
-'''en''' – множина (неправилна)
-'''er''' – компаратив
-'''est''' – суперлатив
-'''n't''' – негација
== Компаратив ==
Во граматиката компаративот е форма на придавката или прилогот кои пак означуваат степен, вид на личност, предмет кој има поголем или помал квалитет од друга личност или друг предмет и е употребен во контекст условувајќи врска. На пример: исто како и, од, како и... Ако се споредуваат три или повеќе нешта, тогаш се работи за суперлатив.
== Структура ==
Структурата на компарацијата во англискиот јазик се состои од основната форма на придавката и прилогот плус суфиксот -'''er''' или (кај повеќесложните зборови навлезени од други јазици) '''more (по/повеќе), less (помалку) или fewer (неколку, помалку)''' пред придавката или прилогот. Формата е обично следена од than (отколку, од) и именката со која е споредувана. На пример: "He is tall'''er''' than his father" ( Тој е '''по'''висок од неговиот татко) или "The village is '''less''' picturesque than the town nearby" ( Селото е '''помалку''' живописно од градот што е во близина).
== Сложени реченици ==
Во сложените реченици можат да се употребат два споредбени сврзника. На пример:
1. as...as (исто како / како и) "The house was '''as''' large '''as''' two put together." (Куќата беше голема '''исто како''' да беа две куќи заедно.);
Ред 53 ⟶ 38:
4. less / more ... than (помалку / повеќе од) "It cost me '''more''' to rent '''than''' I had hoped." (Чини '''повеќе отколку''' што се надевав.)
== Прилози ==
Во англискиот јазик, прилозите обично се формирани со додавање на -''ly'' на крајот на придавката. Компаративните '''more (повеќе)''' или '''less (помалку)''' се додаваат пред прилогот. Кај некои неправилни прилози како fast (брзо) или hard (тешко) не се додава '''more (повеќе)''', туку суфиксот –'''er''' како кај придавките. На пример: "My new car starts '''faster''' than the old one." (Мојата нова кола вози '''побрзо''' од старата.) или "She studies '''harder''' than her sister does." (Таа учи '''повеќе''' од нејзината сестра.)
Кај некои едносложни придавки, компарацијата може да биде употребена заедно со компарацијата на прилозите без притоа да се промени значењето на зборот. На пример: "My new car starts '''more quickly''' than the old one." (Мојата нова кола пали '''побрзо''' од старата) or "My new car is '''quicker''' than the old one." (Мојата нова кола е '''побрза''' од старата.)
Ако придавките имаат неправилна компарација, тогаш мора да се употреби и прилог. На пример: "She writes '''better''' than I do." (Таа пишува '''подобро''' од мене.) или "He threw the ball '''farther''' than his brother did." (Тој ја фрли топката '''подалеку''' од неговиот брат.)
== Нулта компарација ==
Во нултата компарација споредбата нема појдовна точка и ваквите компарации се употребуваат во реклами. На пример, во тврдења како "our burgers have '''more''' flavor" (нашите бургeри имаат '''повеќе''' вкус) не знаеме со што се врши споредбата. Во некои изјави лесно се заклучува кој е испуштениот елемент при нултата компарација. Во други случаи, говорителот или писателот е нејасен во своите намери.
== Поголемо и помало ==
Таксономската и географска категоризација вообичаено ги вклучуваат придавките '''greater (поголемо)''' или '''lesser (помало)''' кога има поголема или помала разлика. Овие придавки можат да се појават и како нулта компарација кога се кажани без нивниот спротивен пар. Тешко е да се следат great'''er''' ('''по'''големо) и less'''er''' ('''по'''мало) низ нивниот развиток. Не може да се каже кога точно станале широко прифатени, но очигледно е дека со текот на времето тие стануваат придавки губејќи ја нивната компаративна конотација.
Кога се однесува на предградија, great'''er''' ја вклучува метрополата заедно со предградијата. Иако изгледа како компарација, во потесна смисла на зборот, оваа форма упатува само на градот. На пример Greater London значи исклучиво градот Лондон или Greater New York значи градот Њу Јорк. Ова не е компарација во граматичка смисла на зборот.
== Суперлатив ==
Во граматиката суперлативот на придавките или прилозите е нивната највисока форма која укажува дека едно нешто има највисок степен за разлика од другите нешта со кои се врши споредбата. На пример, ако Александар има 40 години, Денис 35, а Џеф 25, тогаш велиме дека Александар е најстар затоа што ги надминува годините на Денис и Џеф, а Џеф е најмлад затоа што ги надминува годините на Александар и Денис во спротивна насока. Ако Џеф има 25 години, Винсент 23, а Давид 19, сега претходно најмладиот Џеф е најстар од нив тројцата (Џеф, Винсент и Давид).
Некои граматичари се спротиставуваат на компаративните и суперлативните зборови како full (полно), complete (комплетно, целосно), unique (уникатно, единствено) или empty (празно) кои по дефиниција означуваат тоталитет, отсуство или апсолутизам. Како и да е, ваквите зборови се најчесто вметнати во современото говорење и пишување.
== Англиски јазик ==
Во aнглискиот јазик, компаративната и суперлативната форма се формирани со флексија на придавката или прилогот. Структурата на суперлативот се состои од основната форма, позитив, која е дел од придавката или прилогот и суфиксот -'''est''', или (обично од зборовите од латинско или романско потекло) "'''most'''" или "'''least'''" пред придавката или прилогот. Оној збор од кој се гради суперлатив секогаш е следен од "of" (од) или некој друг предлог, и една или повеќе именки кои се предмети на споредување.
== Деривациони суфикси ==
Во примерот:
"The weather forecaster said it would be clear today, but I can't see clear'''ly''' at all."-(Временскиот прогнозер рече дека времето ќе буде ведро денес, но јас воопшто не гледам ведрина.)
|