Разлика помеѓу преработките на „Новогодишна ноќ“

Додадени 107 бајти ,  пред 3 години
нема опис на уредувањето
с
 
=== Израел ===
Кај Израелците Новогодишната ноќ е позната под името Силвестер ([[Папа Силвестер I|Свети Силвестер]]), таа се прославува со приредување на забави, пријателски собири, концерти и елегантни вечери во големите градови како [[Ерусалим]] и [[Тел Авив]].
 
=== Сингапур ===
 
=== Белгија ===
Во [[Белгија]] Новогодишната вечер се нарекува ''Sint Sylvester Vooranvond'' или Вечерта на [[Папа Силвестер I|Свети Силвестер]]. Се одржуваат семејни забави наречени ''réveillon''. На полноќ сите се бакнуваат и разменуваат честитки за среќа и наздравуваат во чест на отсутни роднини и пријатели. Градовите, кафулињата и рестораните се пренатрупани.
 
1 Јануари се нарекува ''Nieuwjaarsdag'' и децата подаруваат празнични честитки со златни ангелчиња, обоени рози и венци од цвекиња на родителите, кумовите и сето тоа на декоративна хартија за која штеделе за да ја купат. Белгијските фармери исто така им посакуваат Среќна нова година на своите животни.
 
=== Германија ===
Гермнаците ја нарекуваат новата година Силвестер бидејќи 31 декември е ден на гозба на Св.[[Папа Силвестер I|Свети Силвестер]]. Од 1972 година неколку германски телевизиски станици вршат пренос на кратка комична изведба на англиски јазик (снимена од страна на Западно германска телевизија во 1963) наречена „Вечера за еден“. Една реченица од скечот „Истата процедура како и секоја година“ станала ударна фраза во [[Германија]].
 
Секоја година [[Берлин]] е домаќин на една од најголемите прослави на Нова година во цела [[Европа]] на која присуствуваат преку милион луѓе. Главната точка на вечерта е Бранденбуршката Порта каде се сместени огнометите. Германците имаат репутација на луѓе кои трошат многу голема сума на пари за огномети и петарди и затоа се гледаат огномети низ текот на целата вечер. Кога часовникот ќе удри на полноќ на Силвестер, германците наздравуваат со Сект (германско пенливо вино) или пак шампањ.