Лујџи Пирандело: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Драмски дела: дополнување
Ред 20:
 
==Раскази==
Пирандело напишал вкупно 246 раскази и новели, претежно напишани меѓу 1894 и 1919 година (вкупно, 15 книги). Првата збирка раскази на Пирандело била, насловена „Љубови без љубов“ (''Amori senza amore''), била објавена во 1894 година, а потоа тој почнал да ги објавува своите раскази во повеќе списанија. Во 1922 година, тој одлучил своиетсвоите раскази да ги собере под заедничкиот наслов „Новели за една година“, со намера да создаде 365 новели, колку што изнесува бројот на деновите во годината. За време на неговиот живот, издавачката куќа „Мондадори“ објавила 225 раскази во два големи тома, а по смртта на Пирандело, во оваа збирка биле додадени уште 21 расказ.<ref>Nikša Stipčević, „Pogovor“, во: Luiđi Pirandelo, ''Novele''. Beograd: Rad, 1962, стр. 149-150.</ref> <ref>Luiđi Pirandelo, ''Šest lica traži pisca''. Beograd: Paidea, 2008.</ref>
 
Во расказите на Пирандело преовладува атмосферата на [[Сицилија]], каде тој ги поминал детството и младоста. Главни протагонисти во неговите „сицилијански“ раскази се рударите, [[гроб]]арите, ѕидарите, нотарите, морнарите, музичарите, поповите и неработниците кои се заплеткуваат во најпарадоксални животни ситуации. Тоа се случки што потсетуваат на средновековните ''fabliaux'' - раскази за насамаренит сопрузи, лихвари и трговци и исмеани попови, како и на легендите од богатото сицилијанско бандитско минато од [[Бурбонци|бурбонскиот]] период, т.е. на богатата фолклорна традиција што живеела во усното раскажување на Сицилија. Втората тематика во расказите на Пирандели е поврзана со римската средина, во која преовладуваат ситни службеници, [[адвокат]]и, лекари, проститутки, професори, просјаци, слуги, дадилки и кочијаши, т.е. римската малограѓанска класа од крајот на [[19 век]]. Тие се ликови кои не веруваат во веродостојноста на својата егзистенција, кои не можат да ја најдат смислата на животот и кои безмилосно ги меле стварноста. Затоа, често тие личности бегаат од стварноста во лудило, во [[самоубиство]] и во [[смрт]]. Пред крајот на животот, Пирандело започнал да пишува речиси „[[Надреализам|надреалистички]]“ новели.<ref>Nikša Stipčević, „Pogovor“, во: Luiđi Pirandelo, ''Novele''. Beograd: Rad, 1962, стр. 149-.</ref>
 
==Драмски дела==