Шест лица го бараат писателот: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
Ред 13:
 
==Ликовите во драмата==
Во драмата се појавуваат следниве ликови:<ref>Luiđi Pirandelo, ''Šest lica traži pisca''. Beograd: Paidea, 2008.</ref>
* Таткото:
* Мајката
* Паштерката
* Синот
* Момчето
* Девојчето
* Мадам Паче
* Директорот на драмата
* Првиот глумец
* Првата глумица
* Втората глумица
* Младата глумица
* Младиот глумец
* Другите глумци и глумици
* Мајсторот на сцената
* Суфлерот
* Реквизитерот
* Техничарот
* Секретарот на директорот на драмата
* Чуварот
* Декоратерите и сценските работници
 
* Таткото има околу 50 години. Тој е проќелав, црвенокос, со густи мустаќи, а често, [[уста]]та му е искривена во несигурна и беспричинска насмевка. Лицето, а особено [[чело]]то, му е бело; има сини, продорни [[очи]]; облечен е во светли панталони и во темно сако; понекогаш е пријатен, а понекогаш е бесен и гневен.
* Мајката личи како да е преплашена и смачкана од товарот на срамот и понижувањето. [[Лице]]то ѝ е покриено со непроѕирен вел, зашто пред два месеца ѝ умрел сопругот и облечена е во црно. Кога ќе го крене велот, се гледа лице коешто не е измачено, но како да е од [[восок]], а погледот постојано ѝ е спуштен надолу.
* Паштерката има околу 18 години. Таа е дрска и речиси бесрамна, многу убава и елегантна. И таа е облечена во црно. Постојано го искажува својот презир кон четиринаесетгодишниот брат, но жива нежност кон четиригодишната сестричка.
* Синот има 22 години. Тој постојано се држи настрана од другите ликови; чувствува целосен презир кон татко му и рамнодушност кон мајка му.<ref>Luiđi Pirandelo, ''Šest lica traži pisca''. Beograd: Paidea, 2008, стр. 36-37.</ref>
 
Во предговорот на „Шест лица го бараат писателот“, Пирандело ги опишува ликовите во драмата. Според него, на прв поглед, сите шест лица не се на еднаков степен на разработка, но не затоа што меѓу нив постојат ликови кои се на прв или на втор план, т.е. „протагонисти“ и „споредни ликови“, ниту затоа што сите не се потполно вообличени. Сите шестмина се на истиот степен на уметничка реализација и се наоѓаат на истиот план на реалноста. Единствената разлика меѓу нив лежи во тоа што Таткото, Паштерката и Синот се реализирани како духовни ентитети, Мајката како природа, а Момчето и Девојчето како „присуство“. Притоа, тој ја признава својата несвесна намера некои од ликовите да ги реализира целосно уметнички, додека некои само да ги скицира, а од нив, најживо и најпотполно остварени се Таткото и Паштерката.<ref>L. P., „Predgovor“, во: Luiđi Pirandelo, ''Šest lica traži pisca''. Beograd: Paidea, 2008, стр. 9-10.</ref>
 
Според Пирандело, комедијата[[комедија]]та настанала во еден спонтан налет на фантазија, кога сите елементи на [[дух]]от дејствуваат во [[Бог|божја]] согласност. Притоа, со посредство на три ликови (Таткото, Паштерката и Мајката), во драмата е прикажан вечниот судир меѓу животното движење и формата, како услов на духовниот и природниот поредок. Во својот повик кон Директорот, Мајката ја обзнанува специфичната вредност на уметничката форма - [[Форма|формата]] која не го содржи и не го уништува животот.<ref>L. P., „Predgovor“, во: Luiđi Pirandelo, ''Šest lica traži pisca''. Beograd: Paidea, 2008, стр. 18.</ref> Оттука, во драмата ништо не е однапред предодредено, туку сè се гради и движи на самото место, сè е обид без подготовка. Во неа, дејството не се развива постепено, туку делува како измешана, нејзиниот тек не е логичен и не постои поврзаност на настаните. Таа претставува суптилна [[сатира]] на романтичарското проседе, во која разгорените страсти на ликовите, инаку својствени за [[Романтизам|романтичарската]] постапка, се согледуваат низ [[хумор]]истична [[призма]]. Во драмата е прикажан органскиот [[хаос]], но тој не е прикажан на хаотичен начин, т.е. романтичарски, така што делото е далеку од конфузно, туку напротив, тоа е многу разбирливо, едноставно и врамнотежено.<ref>L. P., „Predgovor“, во: Luiđi Pirandelo, ''Šest lica traži pisca''. Beograd: Paidea, 2008, стр. 20-22.</ref>
 
==Осврт кон делото==