Шест лица го бараат писателот: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
дополнување
Ред 1:
'''Шест лица го бараат писателот''' или '''Шест лица го бараат авторот''' (италијански: ) е [[Сатира|сатирична]] траги-комедија[[Трагикомедија|трагикомедија]] на италијанскиот писател Л[[ујџи Пирандело]], за првпат изведена во [[1921]] година, во театарот Вале во [[Римтеатар]].от АвторВале на оваа драма ево [[Лујџи ПиранделоРим]] (1867-1936).
 
==За текстот==
Ред 11:
 
Така [[трагедија]]та лесно преминува во [[комедија]], и обратно. [[Пирандело]] овој длабок парадокс успеал да го обликува така што хаотичното мешање на илузиите и реалноста сепак не се претвора во хаотично дело. Сите делови на драмата, сите нејзини елементи и сите односи меѓу ликовите се цврсто поврзани со внатрешната логика. Сепак, биле потребни големи промени во навиките и вкусот на публиката за оваа драма да биде најпосле прифатена како уметничко дело.
 
==Ликовите во драмата==
Во драмата се појавуваат следниве ликови:
 
Во предговорот на „Шест лица го бараат писателот“, Пирандело ги опишува ликовите во драмата. Според него, на прв поглед, сите шест лица не се на еднаков степен на разработка, но не затоа што меѓу нив постојат ликови кои се на прв или на втор план, т.е. „протагонисти“ и „споредни ликови“, ниту затоа што сите не се потполно вообличени. Сите шестмина се на истиот степен на уметничка реализација и се наоѓаат на истиот план на реалноста. Единствената разлика меѓу нив лежи во тоа што Таткото, Паштерката и Синот се реализирани како духовни ентитети, Мајката како природа, а Момчето и Девојчето како „присуство“. Притоа, тој ја признава својата несвесна намера некои од ликовите да ги реализира целосно уметнички, додека некои само да ги скицира, а од нив, најживо и најпотполно остварени се Таткото и Паштерката.<ref>L. P., „Predgovor“, во: Luiđi Pirandelo, ''Šest lica traži pisca''. Beograd: Paidea, 2008, стр. 9-10.</ref>
 
Според Пирандело, комедијата настанала во еден спонтан налет на фантазија, кога сите елементи на [[дух]]от дејствуваат во [[Бог|божја]] согласност. Притоа, со посредство на три ликови (Таткото, Паштерката и Мајката), во драмата е прикажан вечниот судир меѓу животното движење и формата, како услов на духовниот и природниот поредок. Во својот повик кон Директорот, Мајката ја обзнанува специфичната вредност на уметничката форма - [[Форма|формата]] која не го содржи и не го уништува животот.<ref>L. P., „Predgovor“, во: Luiđi Pirandelo, ''Šest lica traži pisca''. Beograd: Paidea, 2008, стр. 18.</ref> Оттука, во драмата ништо не е однапред предодредено, туку сè се гради и движи на самото место, сè е обид без подготовка. Во неа, дејството не се развива постепено, туку делува како измешана, нејзиниот тек не е логичен и не постои поврзаност на настаните. Таа претставува суптилна [[сатира]] на романтичарското проседе, во која разгорените страсти на ликовите, инаку својствени за [[Романтизам|романтичарската]] постапка, се согледуваат низ [[хумор]]истична [[призма]]. Во драмата е прикажан органскиот [[хаос]], но тој не е прикажан на хаотичен начин, т.е. романтичарски, така што делото е далеку од конфузно, туку напротив, тоа е многу разбирливо, едноставно и врамнотежено.<ref>L. P., „Predgovor“, во: Luiđi Pirandelo, ''Šest lica traži pisca''. Beograd: Paidea, 2008, стр. 20-22.</ref>
 
==Осврт кон делото==
Во предговорот на „Шест лица го бараат писателот“, Пирандело се опишува себеси како писател-[[философ]] - оној кому не му е доволно да ги опише ликовите и настаните само колку да ги опише, туку оној кој има подлабока духовна потреба, така што не признаваат ликови и настани коишто немаат посебна животна смисла што има дава универзално значење. Притоа тој вели дека ја мрази [[Симболизам|симболичната]] [[уметност]] во која она што е прикажано ја губи спонтаноста претворајќи се во инструмент, [[алегорија]]. Таквиот симболизам претставува идеја која сака да биде слика, наместо да биде обратно, т.е. сликата, која мора да остане жива и слободна во целиот свој исказ, треба да ја содржи смислата што дава вредност.<ref>L. P., „Predgovor“, во: Luiđi Pirandelo, ''Šest lica traži pisca''. Beograd: Paidea, 2008, стр. 7.</ref>
 
Според Пирандело, „Шест лица го бараат авторот“ е смеса на трагичното и комичното, на измисленото и на стварното, во една необична и исклучително сложена хумористична ситуација; драма која, со помош на своите живи ликови, по секоја цена сака да најде начин да биде прикажана.<ref>L. P., „Predgovor“, во: Luiđi Pirandelo, ''Šest lica traži pisca''. Beograd: Paidea, 2008, стр. 9-10.</ref>
 
==Наводи==