Клинесто писмо: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 23:
===Период на првото писмо===
{{see also|Табличка од Киш}}
Клинестото писмо се развило од пиктографскосликовито пра-писмо кое постоело во доцниот четврт милениум пред нашата ера, од блискиот источен систем за водење сметководство. Месопотамскиот „прото“ период го опфаќа периодот од 35 век до 32 век п.н.е. Првиот документ напишан на сумерски датира од 31 век п.н.е., најден во [[Џемдет Наср]], Ирак.
 
На почеток, пиктографските знаци биле цртани на глинени плочи во вертикални колони со остра [[Phragmites|обична црвена трска]] или биле резбани во камен. Овој прв стил на пишување ја немал карактеристичната форма на клин.
Ред 30:
 
Првиот сумерскиот крал чие име се појавило на глинените плочки бил [[Енмебарагеси]] од Киш. Од околу 2900 г. п.н.е., голем дел од пиктографските знаци почнале да ја губат својата првобитна функција, со тоа што еден знак можел да има различни значења во зависност од контекстот. Бројот на знаци се намалил од 1500 на 600 знаци, а пишувањето станало [[Фонологија|фонолошко]]. Според тоа, употребата на клинетото писмо се создала од попримитивен систем на пиктографско писмо, некаде во [[бронзено време]].
 
===Архаична клинеста форма===
[[Image:Letter Luenna Louvre AO4238.jpg|thumb|Писмо испратено од високата свештеничка Луена до кралот на [[Лагаш]] (можеби [[Урукагина]]), со кое го известува дека неговиот син загинал во борба, [[Гирсу]] околу 2400 г. п.н.е.]]
 
Кон средината на третиот милениум пред нашата ера, правецот на пишување се сменил кон лево-десно, и колоните станале хоризонтални наместо вертикални, со што [[пиктограм]]ите биле свртени за 90° во правец на стрелките на часовникот. Исто така почнала да се употребува формата налик на клин („клинеста форма“). Со овој развој, пишувањето станало побрзо и полесно.
 
[[File:Cuneiform inscriptions, Stela of Iddi-Sin, king of Simurrum..JPG|thumb|Клинеста форма, стела на Иди-Син, кралот на Симурум]]
 
Плочките на кои се пишувало можеле да бидат испечени со што се зачувувале подолго, или можеле да бидат рециклирани ако текстот не бил важен за чување. Повеќето од глинените плочки најдени од археолозите биле во зачувана форма само затоа што гореле при пожари настанати при напади на војските.
 
[[File:An Inscribed stand's head, early dynastic period..JPG|thumb|Клинесто писмо од раниот династички период]]
 
Ова писмо било користено и на комеморативните стели, како и на записите за постигнувањата на владетелот во чија чест бил подигнат споменик.
 
Говорниот јазик содржел бројни [[хомофон|хомофони]], а на почетокот зборовите кои имале сличен изговор биле пишувани со ист симбол, како на пример „живот“ [тил] и „стрела“ [ти]. Откако Семитите ја освоиле јужна Месопотамија, некои од знаците биле изменети, од пиктограми во слогограми, најверојатно за да се појасни при пишувањето.
Зборовите кои звучеле слично, добиле посебни знаци, па сега слогот „гу“ добил четиринаесет различни симболи. Зборовите со слично значење, но различен изговор, биле пишувани со ист симбол. На пример, зборот „заб“ [зу], „уста“ [ка] и „глас“ [гу] биле сите исто запишувани со симболот за „глас“.
 
== Надворешни врски ==