Исак II Ангел: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 58:
 
===Повторните дејствувања против Србија и Бугарија и негово симнување од престолот===
По заминувањето и гибелта на [[Фридрих I Барбароса|Фридрих Барбароса]], [[Источно римско царство|Византија]] одново добила слобода на движење на [[Балкан]]от. не губејќи време Исак II тргнал против [[Второ бугарско царство|Бугарите]] коишто навлегле во [[Тракија]] и против [[Велико кнежевство Србија|Србите]], коишто, искористувајќи го судирот на Византија со Барбароса, ги освоиле и разрушиле [[Призрен]], [[Скопје]] и низа други византиски градови во областа на [[Струма]]. [[Есен]]та во [[1190]]г. [[Стефан Немања|Немања]] не издржал во [[Битка кај Морава (1190)|битката]] на [[Морава]] и морал да склучи мир. Тој на Византија и ги вратил териториите освоени во текот на последните години, но ги задржал своите поранешни освојувања. Со склучувањето формален договор за мир Византија изричноизречно ја признала самостојноста на српската држава. Меѓу [[Династија Ангели|византискиот]] и [[Неманиќи|српскиот]] владетелски дом биле воспоставени и брачни врски. [[Стефан Првовенчани|Стефан]], синот на Немања бил оженет со царевата внука Евдокија и добил титула севастократор. Бракот со византиската принцеза и доделувањето на титулата севастократор значело високо одличување. Меѓутоа, со вклучувањето на српскиот престолонаследник во хиерархијата на вишите византиски достоинственици воедно била нагласена и идеалната надмоќ на византискиот [[василевс]]-автократор.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 489-490.</ref>
 
Со помала среќа поминал Византија во војната против [[Бугари]]те. Големиот поход од [[1190]]г. завршил со тежок пораз. [[Ромеи|Византијците]] продреле до самото [[Трново]], но опсадата на бугарската престолнина била неуспешна. Нивната војска при повлекувањето била поразена во [[Стара Планина|балканските]] клисури, такашто и самиот цар одвај ја избегнал смртта. Ни натамошните обиди за сузбивање на бугарскиот притисок не вродиле плод. Напротив, во [[1194]]г. Византијците претрпеле нов пораз кај [[Битка кај Аркадиополе|Аркадиополе]]. Исак II му се обратил за помош на својот тест [[Бела III (Унгарија)|Бела III]], обновувајќи ги врските со [[Кралство Унгарија|унгарскиот]] кралски двор коишто биле поматени по упаѓањето на [[Унгарци|Унгарите]] во Србија (околу [[1192]]/[[1193|93]]г.). Сметајќи на унгарската поддршка Исак II на чело на силна војска тргнал во нов поход против Бугарите, но на [[8 април]] [[1195]]г. неговиот постар брат [[Алексиј III Ангел|Алексиј III]] го симнал од престолот и наредил да го ослепат.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 490-491.</ref>