Божиќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Мобилно уредување Уредување од мобилен извршник
Ознаки: Мобилно уредување Уредување од мобилен извршник
Ред 31:
Обично во иконата на Рождеството се изобразуваат исто така и [[ангел]]ите, мудреците и пастирите. Ангелите, како први гласници на Радосната вест за Рождеството Христово, мудреците и пастирите - претставници на човечкиот род, се поканети да му се поклонат на Христа.
 
Во горниот дел од иконата се претставува [[ѕвезда]]та која ги води мудреците на еден начин кој ретко се среќава. Таа е испратена да стои точно на врвот од пештерата. [[Витлеемска ѕвезда|Витлеемската ѕвезда]] се запазува како симбол не само во иконата на Рождеството, но и во Светата Литургија. Свеќникот кој се поставува во повечерието на Рождеството во средината на храмот, исто така ја симболизира ѕвездата. Очигледно е дека таа зазема многу важно место на празникот Рождество, зашто е древен симбол на Христа, како што ни сведочи и Откровението: „Корен и потомок сум Давидов - Светла и Утринска Ѕвезда.“
 
Обично е изобразен и Јосиф, заштитникот на Дева, исполнет со тага, измачуван од сомнежи, не можејќи да го разбере таинството на Раѓањето на Синот од Девата. Карактеристично за многу икони на Рождеството е дека [[Богородица]] гледа не кон Спасителот, туку кон Јосиф, со поглед исполнет со разбирање и длабока сочувствителност. Очигледно е дека таа со сите сили сака да му помогне. Иконата на Христа е образец или слика на бесконечната слава на доброволното предавање на Христа.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Божиќ