Анонимен корисник
нема опис на уредувањето
[проверена преработка] | [непроверена преработка] |
с (Отстрането уредувањето на 46.217.31.4 (разговор), вратено на последната верзија на Retrohead) Ознака: Отповикување |
Нема опис на уредувањето |
||
'''Мохандас Карамчанд Ганди''' (2 октомври 1869 година – 30 јануари 1948 година) — истакнат водач на Индискиот национализам во Британска Индија. Применувајќи ненасилно граѓанско непочитување, Ганди ја довел Индија до независност и поттикнал движења за граѓански права и слободи низ светот. Почесниот Махатма (на индоевропскиот јазик санскрит, со значење: „великодушен“, „достоинственˮ - за прв пат е применет во 1014 година во Јужна Африка, - а сега се користи во целиот свет. Исто така него го нарекуваат Бапу (на гуџаратски јазик со значење: љубов кон „таткотоˮ, „татко“ во Индија.)
Во 1915 година, по неговото враќање во Индија, Ганди се поставил за организирање на селаните, земјоделците и урбаните работници да протестираат против данокот за прекумерното земјиште и дискриминацијата. Во 1921 година, преземајќи раководство над Индискиот национален конгрес, Махатма Ганди водел национални кампањи за олеснување на сиромаштијата, зголемувајќи ги правата на жените, градејќи верско и етничко пријателство, стопирајќи го понижувањето на најниската каста во Индија но пред се, за постигнување на „Сварајˮ (ˮSwaraj“) или правило на самоуправување.
|