Томас Ман: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 29:
Во 1901 година, Ман го објавил романот „Буденброкови“ којшто станал светска сензација и го прославил младиот автор. Опишувајќи го пропаѓањето на граѓанското [[семејство]], Ман употребил автентични податоци од животот во својот град, но и некои автобиографски моменти. Потоа следувала втората збирка новели „[[Тристан (книга на Томас Ман)|Тристан]]“ (1903) во која се наоѓа и новелата „Тонио Крегер“ која, според неговите зборови, од сè што напишал, му била „најблиска до неговото срце“. Во тој период се појавило и единственото драмско дело на Ман, „Фиренца“, кое повеќе може да се опише како како новела во облик на дијалог отколку како [[драма]].<ref>Miloš Đorđević, „Novele Tomasa Mana“, во: Tomas Man, ''Tonio Kreger - Smrt u Veneciji''. Beograd: Rad, 1963, стр. 135.</ref> Во 1905 година, по повод стогодишнината од смртта на [[Шилер]], Ман ја напишал новелата „[[Тежок час]]“ - мало ремек-дело кое претставува многу субјективна студија за Шилер. Во 1909 година се појавил оптимистичко-шеговитиот роман „[[Кралско височество]]“ во кое на симболичен начин е прикажана кризата на индивидуализмот, а во 1912 година била објавена новелата „[[Смрт во Венеција]]“ која го означува крајот на првиот период од творештвото на Ман. Во меѓувреме, во 1911 година бил објавен фрагмент од „[[Исповедот на измамникот Феликс Крул]]“, т.е. почетокот на романот на којшто Ман се навратил половина век подоцна, иако и тогаш останал недовршен.<ref>Miloš Đorđević, „Novele Tomasa Mana“, во: Tomas Man, ''Tonio Kreger - Smrt u Veneciji''. Beograd: Rad, 1963, стр. 136-138.</ref>
 
Во 1924 година, Ман го објавил романот „[[Волшебниот рид]]“ со кој почнува втората фаза од неговото творештво. Всушност, Ман почнал да работи на овој роман уште во 1912 година, но прекинал кога избувнала [[Првата светска војна]]. Почетокот на втората етапа била одбележана и со една идила во [[стих]]ови, како и со расказот „Господарот и кучето“ (1919). Во овој период, Ман почнал да пишува и [[Есеј|есеи]]. Во 1925 година, Ман ја објавил [[Автобиографија|автобиографскат]]а новела „Неред„[[Неред и рана болка“болка]]“, а потоа го заинтересирала [[Стар Завет|старозаветната]] приказна за Јосиф за која уште Гете сметал дека може да се раскаже поопширно, а благодарение на „епската педантерија“ на Ман, од првобитно замислената новела се родил романот „[[Јосиф и неговите браќа]]“. Ман продолжил да го развива овој роман и во следните 16 години, така што тој прераснал во тетралогија чии делови се појавиле во периодот од 1933 до 1943 година. За време на еден прекин од работата на романот, Ман ја напишал новелата „[[Марио и магионичарот]]“ (1929), а во 1940 година, за време на неговата [[Миграција на луѓе|емиграција]] во [[Швајцарија]], бил објавен романот за Гете, „[[Лота во Вајмар]]“. Следната година, додека предавал на [[Универзитет Принстон|Универзитетот Принстон]], Ман ја напишал „индиската легенда“, новелата „[[Заменетите глави]]“ која авторот ја опишал како „метафизичка шега“. Исто така, во [[САД]] Ман ја објавил и следната новела, „[[Закон (книга на Томас Ман)|Закон]]“ (1943), додека својата осуда на нацизмот најостро ја изразил во последниот завршен роман „[[Доктор Фаустус]]“ (1947) со кој сакал да даде „роман на својата епоха“, а слична тема обработува и краткиот роман „[[Избраниот]]“ (1949). Последната преокупација на Ман била навраќањето кон романот „Исповедот на измамникот Феликс Крул“ во кој „уметноста со помош на травестија се пренесува на граѓанско-криминалното“. Додека работел на овој роман, во една пауза, Ман ја објавил новелата „Измамена“ (1953), која од тематска гледна точка означува враќање назад во сферата на болеста, но од [[Естетика|естетска]] гледна точка е тешко прифатлива. Самиот Ман признал дека ова дело е „проблематичен производ“, но во оваа скандалозна парабола е раскажана во стилот на класичната новела.<ref>Miloš Đorđević, „Novele Tomasa Mana“, во: Tomas Man, ''Tonio Kreger - Smrt u Veneciji''. Beograd: Rad, 1963, стр. 138-141.</ref>
 
Според тоа, иако е најпознат по неговите романи, Ман почнал и завршил како новелист. Притоа, освен индиската [[легенда]] и [[Библија|библиската]] приказна, сите негови новели обработуваат современи теми кои се случуваат во рамките на граѓанското [[општество]]. Според неговите зборови, „јас сум дете на германското граѓанство и никогаш не ја одрекував традицијата поврзана со таквото потекло.“ Основната тема во неговите новели е односот на [[дух]]от кон животот и проблемот на уметникот и, оттука, главните ликови во повеќето негови новели се уметници или писатели, наклонети кон анализа. Поради тоа, во новелите нема многу дејство, туку преовладуваат разговорот и [[медитација]]та. Ман ги сака сложените [[Психологија|психолошки]] проблеми во кои доаѓа до израз неговата вештина за длабока анализа, а во романите и новелите ги внесол „[[етика]]та, [[музика]]та и [[хумор]]от“. Неговите дела секогаш имаат подлабоко значење, ликовите добиваат [[симбол]]ичка смисла, на етичко-социјалната позадина се истакнуваат хуманоста и [[љубов]]та кон човекот. Во уметничката постапка, Ман се држи до стварноста, т.е. аналитичкиот [[реализам]] во неговите дела е заснован врз стварните детаљи. Ман не сакал да измислува, сметајќи дека „човекот не е поет со тоа што ќе измисли нешто, туку со тоа што предметите ќе му значат нешто“. Најпосле, новелите на Ман се одликуваат со извонреден стил и со совршена форма, откривајќи ја вистинската [[уметност]] на [[јазик]]от.<ref>Miloš Đorđević, „Novele Tomasa Mana“, во: Tomas Man, ''Tonio Kreger - Smrt u Veneciji''. Beograd: Rad, 1963, стр. 141-142.</ref>