Орден на народен херој: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
префрлање на податоци
Нема опис на уредувањето
Ред 2:
'''Орден на народен херој''' — [[воено одликување]] што се доделувало во [[СФРЈ|СФР Југославија]]. Тоа се доделувало на поединци, воени единици, како и на политички и други организации за особени или херојски дела за време на војната и мирот. Најповеќе ордени се доделени на [[партизан|партизаните]] од [[НОБ|Народноослободителната борба]] во текот на [[Втората светска војна]]. Доделени се вкупно 1.332 одликувања во СФР Југославија, а 17 се доделени на странски државјани.
 
На лица родени во денешна [[Република Македонија]] им се доделени 66 вакви одликувања. Од нив 44 загинале во текот на војната.<ref>[http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1539&stID=19943&pR=15 „Македонија има 66 народни херои“, „Утрински весник“]</ref> Последните живи народните херои починале во [[2013]] година ([[Атанас Забазноски]] и [[Мара Нацева]]). [[Фана Кочовска - Цветковиќ]] била најмладиот народен херој на Југославија. Најмногу народни херои - 14 има од Прилеп и Прилепско, 8 од Куманово и Кумановско, 7 од Битола и Битолско, 5 од Скопје итн. [[Фана Кочовска-Цветковиќ]], која почина во 2004 година, била најмладиот народен херој на Југославија.
 
Носителите на орденот уживале одредени привилегии како што се: бесплатно користење на јавниот сообраќај и пензии за членовите на семејството на починатите херои. Иако после распадот на СФРЈ привилегиите се значително намалени, сѐ уште државите создадени после распадот на СФРЈ на народните херои им даваат одредени бенефиции. Многу училишта и улици во повоена Југославија се именувани според имињата на народните херои, а многу од нив се задржале и во новосоздадените држави.