Разлика помеѓу преработките на „Дебар“

Додадени 148 бајти ,  пред 2 години
==Географија и местоположба==
[[File:Дебар и Дебарското Езеро 02.JPG|thumb|мини|лево|Поглед на градот Дебар крај [[Дебарско Езеро|Дебарското Езеро]]]]
Градот Дебар се наоѓа во [[Дебарска Котлина|Дебарската Котлина (Поле)]], на крајниот западен дел на [[Западна Македонија]] и воопшто на [[Република Македонија]] близу до границата со [[Албанија]]. Од [[Скопје]] е оддалечен 131 км, а најблиски градови до него се [[Струга]] (52 км) и [[Гостивар]] (71 км). Дебар лежи во југоисточниот дел на [[Дебарско Поле|Дебарското Поле]] во подножјето на планината [[Дешат]] (Крчин) на надморска височина од 625 метри. Истотака Дебар е опкружен и со планините [[Стогово]] на исток и [[Јабланица]] на југ, кои го одделуваат дебарскиот крај од соседните области [[Кичевско]] и [[Дримкол]] во [[Струшко]]. Градот Дебар се наоѓа на самиот брег до вештачкото [[Дебарско Езеро]], кое е заезерено со изградба на браната Шпилје во [[1969]] година на вливот (утоката) на реката [[Радика]] во [[Црн Дрим]], непосредно на јужниот крај на градот.
 
Климата во градот е мешовита од континентална и планинска со изразити одлики и на средоземноморската (медитеранската) клима кои се резултат на силното климатско влијание од [[Јадранското Море]] кое доаѓа и се чувствува од запад по долината и течението на [[Црн Дрим]]. Зимите во Дебар се одликуваат со обилни снежни врнежи, а поради високите планини, јадранското влијание и постоењето на вештачкото езеро пролетта и есента се одликуваат со голема влажност и врнежи, додека летата се одликуваат со пријатна свежина.
! {{крат|Ост.|Останати}}
! Вкупно
|- style="text-align:center;"
|1900
|4.500
|10.500
|—
|500
|—
|—
|—
|—
|'''15.500'''
|- style="text-align:center;"
| 1948
| 196
| '''13.340'''
|-
|- style="text-align:center;"
| 2002
| 1.054
| 10.768
| 1.415
| 1.079
| 2
| 22
| 2
| 219
| '''14.561'''
|}