Разлика помеѓу преработките на „Тристан (книга на Томас Ман)“

с
(нова страница)
 
 
==Содржина==
Дејството во насловната новела „Тристан“„[[Тристан (новела)|Тристан]]“ се одвива во истата средина (санаториум) во која две децении подоцна Ман ќе го смести дејството на [[роман]]от „[[Волшебниот брег]]“. [[Писател]]от Детлеф Шпинел живее во санаториум не затоа што е болен, туку „поради стилот“. Судирот меѓу уметноста и животот е прикажан низ односот меѓу извештачениот писател и сопругот на нежната и болна жена Габриела Клетерјан која го привлекува Шпинел не како жена, туку како естетски предмет. Тој ја заведува со помош на зборовите и на [[музика]]та од „[[Тристан и Изолда (Опера)|Тристан и Изолда]]“ на [[Вагнер]] и со тоа ја турка во [[смрт]]та, додека на нејзиниот маж му пишува писмо во кое му вели дека го мрази „како самиот живот, вулгарниот и глупав живот“. Со бегството на Шпинел од здравата галама на детето на Клетерјан, новелата завршува на [[Сатира|сатиричен]] начин, иако таа има и трагичен крај претставен преку несреќната судбина на Габриела.
 
==Осврт кон книгата==