Томас Ман: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
Ред 32:
 
Според тоа, иако е најпознат по неговите романи, Ман почнал и завршил како новелист. Притоа, освен индиската [[легенда]] и [[Библија|библиската]] приказна, сите негови новели обработуваат современи теми кои се случуваат во рамките на граѓанското [[општество]]. Според неговите зборови, „јас сум дете на германското граѓанство и никогаш не ја одрекував традицијата поврзана со таквото потекло.“ Основната тема во неговите новели е односот на [[дух]]от кон животот и проблемот на уметникот и, оттука, главните ликови во повеќето негови новели се уметници или писатели, наклонети кон анализа. Поради тоа, во новелите нема многу дејство, туку преовладуваат разговорот и [[медитација]]та. Ман ги сака сложените [[Психологија|психолошки]] проблеми во кои доаѓа до израз неговата вештина за длабока анализа, а во романите и новелите ги внесол „[[етика]]та, [[музика]]та и [[хумор]]от“. Неговите дела секогаш имаат подлабоко значење, ликовите добиваат [[симбол]]ичка смисла, на етичко-социјалната позадина се истакнуваат хуманоста и [[љубов]]та кон човекот. Во уметничката постапка, Ман се држи до стварноста, т.е. аналитичкиот [[реализам]] во неговите дела е заснован врз стварните детаљи. Ман не сакал да измислува, сметајќи дека „човекот не е поет со тоа што ќе измисли нешто, туку со тоа што предметите ќе му значат нешто“. Најпосле, новелите на Ман се одликуваат со извонреден стил и со совршена форма, откривајќи ја вистинската [[уметност]] на [[јазик]]от.<ref>Miloš Đorđević, „Novele Tomasa Mana“, во: Tomas Man, ''Tonio Kreger - Smrt u Veneciji''. Beograd: Rad, 1963, стр. 141-142.</ref>
 
=== „Буденброкови“ ===
 
„Буденброкови“ или „Пропаѓањето на едно семејство“ е роман кој се појавил во 1901 година и веднаш предизвикал сензација. Тоа е хроника на едно богато трговско семејство кое со голема упорност успева да стане моќно. Книгата опфаќа четири генерации на семејството Буденброк, од стариот Џон, преку конзулот до сенаторот и неговиот син Хано. Ман го следи тоа семејство кое достигнувајќи врв, почнува да се распаѓа.
 
Истовремено тука се ликовите и на другите браќа и сестри, нивните бракови и разводи, љубови и кавги. Прикажани се лихварство, банкроти, финансиски тешкотии, со што романот не е слика само на едно семејство, туку на целата граѓанска Европа од крајот на 19 век.
 
== Наводи ==