Туберкулоза: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Отстрането уредувањето на 95.180.147.146 (разговор), вратено на последната верзија на Kolega2357
Ознака: Отповикување
Ред 18:
'''Туберкулоза''' (народно: '''офтика''') — заразна болест предизвикана од ''[[Mycobacterium tuberculosis]]'' кој ја открил [[Роберт Кох]] (1882) и во негова чест уште се нарекува Кохов бацил. Ако не се лекува годишно секој заболен со активна форма на болеста може да зарази 10-15 лица. Ова е болест на сиромашните, најчесто млади во продуктивниот период на животот. Покрај овој тип откриен е и bovin tip (говедски туберкулозен бацил).
Болеста може да се развие непосредно после зараза во акутен облик, меѓутоа почесто се развива покасно после заразата како субакутно, [[хронично]], долготрајно заболување. Од ТБЦ најчесто заболуваат [[белите дробови]], [[лимфните жлезди]], [[плеврата]], а поретко [[менингите]], [[коски]] и [[зглоб|зглобови]], [[бубрег|бубрези]], гениталиите кај жената, oчи, грло, [[кожа]] или [[црева]]. Туберкулозата е заболување кое претставува предизвик. Понекогаш обидот за поставување на [[дијагнозата]] наликува разрешување на детективска приказна. Но ако успее да се открие можеме да бидеме сигурни дека ќе има среќен крај. Ако пациентот има било кој од следните знаци треба да се смета како сомнително болен од туберкулоза. Кашла подолго од три недели, кашла [[крв]], има болка во градите подолго од три недели, има [[треска]] подолго од три недели, ноќно потење, треска и покачена [[телесна температура]], губење на [[апетит|апетитот]] и [[слабеење]], [[малаксаност]]. Сите овие симптоми можат да се должат и на други болести но треба да се тестира [[спутум|спутумот]]. Испитувањето на [[спутум|спутумот]] е посигурно од [[ренгенска снимка]]. Дали [[инфекцијата]] ќе се се развие во болест зависи од големината на инфективната доза, одбрамбената способност на инфицираните лица (одбрана на домаќинот).
Постојат докази дека гладувањето и потхранетоста ја намалуваат отпорноста кон болеста, исто така и [[пушење|пушењето]] и консумирање на [[алкохол]] во големи количини. Превенцијата е со давање на [http://www.healthbosnia.com/bolesti/tbc/bcg.htm BSG] [[вакцина]] и намалување на сиромаштијата и подобрување на исхраната. Лекувањето е долготрајно и треба голема стрпливост. Тоа трае 6-8 месеци со давање на [[туберкулостатик|туберкулостатици]] и хируршко лекување кај оние кај кои туберкулостативите не делуваат.Melanija