Тетовирање (филм): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 5:
| image_size =
| caption =
| director = [[Столе Попов Стојан - Столе]]
| producer =
| writer = [[Ковач Мирко Ковач]]
| narrator =
| starring = [[Столе Аранѓеловиќ Столе]],
[[Мето Јовановски Мето]],
[[Љиљана Меѓеши Љиљана]],
[[Јовица Михајловски Јовица]],
[[Кирил Поп-Христов Кирил]],
[[Светозар Цветковиќ Светозар]],
[[Зоран Цвијановиќ Зоран]],
[[Александар Чамински Александар]],
[[Данчо Чевревски Данчо]].
| genre = [[Драма]]
| music = [[Константинов Љупчо Константинов]]
| cinematography =
| editing = Чемчев [[Вангел Чемчев - Лаки]]
| distributor = [[Вардар филм]];
[[Македонска радио телевизија|Македонска Радио Телевизија]]
| released = '''1991'''
| runtime = 128 минути
| country = Република Македонија{{МКД}}
| language = [[Македонски]]
| budget =
| gross =
Ред 25:
| website =
| amg_id =
| imdb_id = 0274952

'''Тетовирање''' е [[Македонски филмови|македонски филм]] режиран од [[режисер]]от [[Столе Попов]] во [[1991]] година.

== Синопсис ==

Приказната се случува во летото [[1989]] година за време на умирањето на комунизмот, последната голема човекова завера кон Бога. Филмот зборува за беспрекорноста на функционирањето на апсурдот, репресијата и насилството, за жал, единствените неизбежни константи на југо-фатумот. Дејството на „Тетовирање“ се развива тргнувајќи од една апсурдна ситуација, кога главната личност Илија, кој и инаку, според својот нескротлив темперамент како да е предодреден да биде во конфликт со официјалните сили што го „штитат“ поредокот, по една караница со сопругата го напушта домот со единственото што го поседува, празниот куфер. Сакајќи да најде малку мир, оди на железничката станица, каде што им станува сомнителен на двајца полицајци - и поради само за нив познати причини, го апсат. Во Истражниот затвор, Илија со неколкумина други уапсени истиот ден, се третирани - априори - како криминалци. Тие се подложени на неверојатно драстична вербална и физичка тортура. Илија, свесен за својата невиност, не може да се согласи со тоа и со право очекува да биде ослободен, уште повеќе што таткото на неговата сопруга е познат адвокат. Меѓутоа, истражната попстапка се одолговлечува, и Илија се соочува и ги преживува сите „финеси“ на затворското живеење во кое, покрај присилата од затворските чувари, затворениците се изложени и на уште една, на свој начин дури и посурова тортура од страна на закоравените криминалци. По една таква ситуација, кога борејќи се за сопствениот живот во тепачка со криминалецот Љупчо, кој потоа, не по вина на Илија, им подлегнува на повредите, тој е обвинет за убиство и е упатен на издржување на затворската казна. Со тоа, односот меѓу сопружниците добива нова, дури и побогата димензија; миговите на посети од страна на неговата сопруга му даваат на Илија сила да истрае и да се бори за ревизија на процесот. Меѓутоа, еден ден, очекувајќи го доаѓањето на сопругата, Илија, без своја волја, е вовлечен во бегството на затвореникот Змија. Бегството завршува трагично и за самиот Илија. Убиен е од специјалец со куршум испукан во челото на сликата на Исус - истетовирана на неговите гради.

== Резиме ==