Разлика помеѓу преработките на „Копар“

Додадени 702 бајти ,  пред 2 години
нема опис на уредувањето
(нс)
 
'''Копра''' (''Anethum graveolens'') — [[едногодишно растение]] со краткотраен живот, кое се користи како зачин и како дел од некои лекови. Уште Старите Римјани сметале дека копрата има мистериозна, чудесна моќ. Старите Грци ја гореле за да добијат ароматично масло од копра. Гладијаторите често добивале вкусна храна со копра за да бидат силни и издржливи. Во древниот [[Вавилон]] копрата служела како лек. Голема популарност копрата добилс во текот на [[16 век]] во [[Фиренца]] и [[Болоња]] за време на [[Катарина Медичи]]. Копрата била користена и како составен дел во подготовката на љубовен напиток, а исто така и во спречувањето на [[црна магија]].
 
== Класификација ==
 
Свежата копра има силна арома и слатка, зачинета арома. Ги подобрува салатите, млечните и мајонезните сосови и сирењата. Се користи при подготовка на кисели краставички, стерилизирани краставици, [[таратор]]. Таа е погодна за зачинување на [[риба]], јадења од зеленчук (тиквички, свеж компир, боранија, зелка), на лиснати супи. За [[Швеѓани]]те, копрата е национален зачин.