Александар Фадеев: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ситна поправка
илустрирање
Ред 2:
 
==Биографија==
[[Податотека:Fotothek df roe-neg 0006329 003 Mitglied.jpg|мини|десно|Александар Фадеев]]
Фадеев се родил во Кимри, во Твреската област, а од 1908 до 1912 година живеел во Чигуевка, во Приморскиот Крај. Во 1918 година се зачленил во [[партија]]та на [[Болшевици]]те. Тој бил учесник во [[Граѓанска војна во Русија|граѓанската војна во Русија]] при што учествувал во борбите против јапонската армија и против белогаредејската војска.<ref>Milosav Babović, „''Poraz'' A. Fadejeva“, во: A. Fadejev, Poraz. Beograd: Rad, 1963, стр. 170.</ref> Фадеев бил миленик на [[Сталин]] и во текот на 1940-тите активно го поддржувал [[Ждановизам|ждановизмот]]. По смртта на Сталин, на 20. конгрес на партијата, неговиот пријател [[Михаил Шолохов|Шолохов]] го обвинил Фадеев за лошата состојва во советската книжевност.<ref>[http://www.sovlit.net/sholokhov20thcongress/: Говорот на Шолохов на 20. конгрес на [[КПСС]]]</ref> Како последица на тоа, Фадеев станал [[Алкохолизам|алкохоличар]], а тоа му предизвикало и нервно растројство и на 13 мај 1956 година, извршил самоубиство во својата дача во Переделкино. Притоа, тој оставил писмо во кое ги искажал своите негативни ставови како кон [[Сталинизам|Сталиновиот]] режим, така и кон режимот на [[Хрушчов]].<ref>[http://www.sovlit.net/fadeevsuicide/ Sovlit.net: Прошталното писмо на Фадеев и извештајот на КГБ]</ref> Така, во своето проштално писмо, тој го нарекол Сталин „сатрап“, а сталинистите ги обвинил за физичкото уништување на најдобрите луѓе во [[Советска книжевност|советската книжевност]]. Истовремено, тој го нападнал новиот режим, обвинувајќи го дека се состои од необразовани луѓе кои се одликуваат со незнаење, примитивизам и самољубие.<ref>[http://www.sovlit.net/fadeevsuicide/ Sovlit.net: Прошталното писмо на Фадеев и извештајот на КГБ]</ref> По повод неговата [[смрт]], [[епиграм]] напишал неговиот сосед, [[Борис Пастернак]]. Фадеев бил [[Закоп|погребан]] на Новодевичанските гробишта во [[Москва]].