Кичевска Котлина: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Податотека:Kicevo 11-08-2006.jpg|thumb|250px|Градот Кичево претставува најголемиот центар во котлината ]]
'''Кичевска Котлина''' — една од поголемите [[котлина|котлини]] во [[Македонија]] која е неотектонска творба чијашто рамка ја прават планинските масиви на [[Бистра]] и [[Стогово]] од запад, [[Бушева Планина]], [[Баба Сач]], [[Бабењ]] и [[Плакенска Планина]] на исток. Дното на котлината полето'''Кичевското Поле''' е на надморска височина од 680 м до 570 м. Најниската точка се наоѓа во источниот дел кај селото [[Атиште]] (570 м). Во јужниот дел котлината е прекршена со напречни раседи и има облик на симболот '''⊥'''. Кичевската Котлина преку [[Бродска Клисура]] на исток се поврзува со [[Поречје]], на југозапад преку превалот [[Пресека]] со котлината [[Дебарца (котлина)|Дебарца]], а на север преку превалите [[Стража]] и [[Буковиќ (планина)|Буковиќ]] со [[Полошката Котлина]]. Вкупната површина е 1.059 км², а дното има 88 км². Во северниот дел се издига ниската планина [[Вардино]] (950 м), која овој дел го дели на две морфолошки целини: [[Зајас]] на запад и [[Осломеј]] на исток. Геолошкиот состав е доста сложен и е претставен со палеозојски шкрилци и тријаски варовници по рамката, а плиоцените и квартерните седименти по дното на котлината.<ref>''Т. Андоновски, Абразиони и флувијални елементи во Кичевска котлина, „Годишен зборник на ПМФ“, кн. 27, Скопје, 1984''</ref> Во плиоцените седименти се откриени големи резерви на јаглен, врз основа на кои е изградена [[ТЕЦ Осломеј|термоцентралата Осломеј]]. Развиена е градската населба [[Кичево]].
 
== Поврзано ==