Федерико Гарсија Лорка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 22:
}}
 
'''Федерико Гарсија Лорка''' ([[шпански]]: ''Federico del Sagrado Corazón de Jesús García Lorca''; [[Фуенте Вакерос]], {{роден на|155|јуни|1899}} - {{починал на|19|август|1936}}) — шпански [[писател]], [[драмски писател]], [[режисер]], [[пијанист]], [[сликар]] и [[музичар]]. Денес, тој се смета за еден од најголемите [[лиричар]]и воопшто, а неговото творештво извршило значително влијание врз развојот на [[Европа|европската]] [[поезија]].
 
== Биографија ==
Федерико Гарсија Лорка е роден на [[155 јуни]] [[1899]] година во [[Фуентевакверос]], во шпанската провинција [[Гранада]]. Осново училиште учел во [[Алмерија]]. Во [[1919]] година за првпат го посетил [[Мадрид]] каде се запознал и се спријателил со големите шпански уметници - [[Салвадор Дали]], [[Луси Буњуел]], [[Бергамино]] итн. Во [[1923]] година ги започнал студиите по право во Гранада каде што престојувал подолго време. Во [[1927]] година направил изложба на боени цртежи во [[Барселона]]. Во [[1929]] година учествувал на конференцијата во Лицеум-клубот во [[Мадрид]] на тема: Имагинацијата, инспирацијата и простирањето во поезијата. Пролетта [[1930]] година престојувал во [[Њујорк]] и во [[Куба]].
 
Во [[1931]] година, заедно со [[Едуардо Угарте]], именуван е за директор на универзитетскиот театар "La Barraca". Во текот на [[1933]]-[[1934]] година патувал по [[Јужна Америка]] ([[Аргентина]], [[Бразил]] и [[Уругвај]]). Во декември [[1934]] година се вратил во [[Шпанија]]. Во јули [[1936]] година започнал бунтот на генералот [[Генерал Франко|Франко]]. Истата година, на 19 август, поради неговите напредни идеи, франкистите го стрелале во околината на Гранада.<ref>Tanasije Mladenović, "F.G. Lorka", во: Lorka, ''Pesme''. Beograd: Rad, 1964, стр. 99.</ref>