Разлика помеѓу преработките на „Македонски Албанци“

 
Последниот (четвртиот) бран доселувања го опфаќа периодот по [[1944]] гoдина. Така поради големиот наталитет и механичкиот прилив од [[Косово]], [[Метохија]] и [[Јужна Србија]], нивниот број постојано се зголемувал. До [[Балканските војни]] ([[1912]]-[[1913]]) во Македонија живееле 128.711 Албанци или 5,70% од целокупното население. По поделбата на Македонија, поголемиот дел од албанското население живеело на денешната територија на Македонија. Во [[1948]] година во [[НРМ]]/[[СРМ]] живееле 197.389 (17,1%) Албанци, во 1981 - 377.208 (19,8%), а според пописот од 2002 се декларирале 509.083 Албанци или 25,17% од целокупното население. Најголем дел од нив живеат во проширената општина во [[Скопје]] (103.891), [[Тетово]] (60.886), [[Гостивар]] (54.038), [[Струга]] (36.029), [[Куманово]] (27.290), [[Липково]] (26.360), [[Желино]] (24.195), [[Студеничани]] (11.793), [[Зајас]] (11.308) итн. Од вкупно 85 општини, албанската етничка заедница е мнозински етнички елемент во 16 општини. Растежот на албанското население во Македонија се должи на високиот наталитет и на миграционите движења од [[Косово и Метохија]]. Во времето на [[Кралството Југославија]], Албанците не уживале национални права<ref>''Д-р Стојан Киселиновски, Етничките промени во Македонија (1913-1995), Скопје, 2000''</ref>.
 
==Населување 1951-1956 ==
Завршувањето на [[Втората светска војна]] и воспоставувањето на новиот социјалистички општествено-политички систем во Југославија, а со тоа и во федерална Македонија, за турското национално малцинство претставувало дополнителен мотив за продолжување на процесот на иселување во [[Турција]] кој започнал со повлекувањето на [[Османската империја]] од Балканот, а привремено бил запрен поради Втората светска војна. Турското малцинство не било подготвено да ги прифати радикалните општествено-политички промени во државата, како и да се вклучи во брзите еманципаторски процеси со кои се рушеле дотогашните патријархални односи. Муслиманите најмногу негодувале на пројавениот атеизам на новите власти, што кај нив го будел стравот од забрана на религијата. Во прилог на тоа одело укинувањето на основните верски училишта и законот за забрана на зарот и фереџето од [[1951]] година, што било сфатено како навреда за честа и достоинството на муслиманите. Како антиисламски биле сфатени и новите закони за задолжително школство на женските деца и рамноправноста на половите.<ref>''Виолета Ачкоска, Братството и единството 1944-1974 – помеѓу хармонија и дисхармонија, Скопје 2003, 270,
278. ''</ref>
Новата економска политика била дополнителна причина за иселување. Имено, Турците кои живееле во село, исто како и селаните од другите националности, биле силно погодени од
новата аграрната политика која била спроведувана во периодот 1945-1953 година: аграрната реформа, колективизацијата, задолжителниот откуп и ограничување на земјишниот максимум на 10 хектари. Додека пак оние Турци кои живееле во градовите биле засегнати од политиката на национализација на приватната сопственост (1946, 1948), затоа што најголем дел од нив биле трговци и занаетчии.<ref>''Виолета Ачкоска, „Иселувањето на Турците од НРМ по Втората светска војна (1945-1960)“, Историја, год.
XXXVIII/1-2, Скопје 2002, 91.''</ref>
Процесот на иселување на Турците започнал во [[1951]] година, а кулминацијата ја доживува во [[1955]]-[[1956]] година. Паралелно со иселувањето на Турците, започнало доселување на муслиманско население од [[НР Босна и Херцеговина]], [[Косово и Метохија]], [[Санџак]] и [[НР Црна Гора]] во [[НР Македонија]] со цел полесно да се иселат во Турција, а дозвола за иселување давал само турскиот конзулат во Скопје, затоа што 97% од Турците во Југославија живееле на тлото на НР Македонија. Од доселеното население со исламска вериосповед најбројни биле '''Албанците'''. Но, сепак на многу мал дел од нив им било дозволено да се иселат во Турција, (околу 5.000 вкупно и од доселените и од домашнитеАлбанци) затоа што познавањето на турскиот јазик било задолжително, како и декларирањето како Турци пред надлежните органи од 1944 година. Поради тоа опаднал интересот на Албанците за иселување во Турција, по што многубројните албански семејства или се сместувале кај свои роднини или пак ги купувале куќите на Турците што се иселувале. Треба да се напомене дека еден дел од Албанците мигрирале во Македонија не со цел да се иселат во Турција, туку со умисла да се населат во Македонија поради полесен економски просперитет (АП КиМ била најзаостаната административна единица во Југославија) како и барање на нов животен простор поради пренаселената косовско-метохиска област. Па така поради масовното иселување на Турците, се укажала добра прилика за купување на евтини куќи поради големата понуда.<ref>''Државен архив на
Република Македонија, Скопје. 01. 0427. 0084. 0086/ 469''</ref> Во [[1959]] година 22.776 лица добиле официјално републичко државјанство на НРМ, од нив повеќе од половината, поточно '''12.976 биле етнички Албанци''' од Косово и Метохија.<ref>''Виолета Ачкоска, „Некои фактори на албанизацијата на македонската етничка
територија од Големата Источна криза до крајот на XX век“, Гласник на ИНИ, 43/2, 17''</ref> Точната бројка на непријавените доселени Албанци сеуште
останува мистерија. Албанците од северот биле привлечени и од традиционалната мирољубовост и толерантност на македонскиот народ, како и од попустливата политика на
македонските власти према албанското малцинство.
 
 
== Албанизација на Македонските Роми ==