Фумарола: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: мини|десно|Фумароли на островот [[Вулкано, Си...
(нема разлика)

Преработка од 05:39, 3 декември 2017

Фумарола (италијански: fumarola, од латински: fumo - чад) — отвор во Земјината кора во вулканско подрачје, од код кој избиваат пареа и гасови како јаглерод диоксид, сулфур диоксид, водород хлорид и водород сулфид. Струјата настанува кога прегреаната вода кондензира со снижувањето на притосокот при излегувањето од земјата. Фумаролата која испушта сулфурни гасови се нарекува солфатара (од италијански: solfo, сулфур).

Фумароли на островот Вулкано, Сицилија.
Отвор на фумаролата Дувало кај с. Косел, Охридско.

Ваквата образба може да се јави на места од многу мали пукнатини, па сè до големи расцепи, во безредни китки или полиња, но и на површините на лавини текови и дебели наслаги од пирокластични текови. фумаролско поле е подрачје со топли извори и гасни отвори каде магма или врелите магматски карпи се сместени плитко и испуштаат гасови или доаѓаат во допир со подземните води.[1]

Фумаролите опстануваат со десетлетија или векови ако се сместени над долготраен извор на топлина; може да исчезне во текот на неколку седмици или месеци ако е поставена врз нова вулканска наслага која бргу се разладува. На пример, Долината на Десет Илјади Чадови е создадена во 1912 г. со избивот на Новарупта во Алјаска. Првично се јавиле илјадници фумароли во пепелот, но како што тој се ладел, тие постепено исчезнувале и денес се исчезнати.

Оние фумароли кои испуштаат сулфурни испаренија од површински наслаги се искористуваат за добивање на сулфур. Таков пример е фумаролата Дувало кај с. Косел, Охридско од која се вадел сулфур во турско време.

Поврзано

Наводи

  1. Neuendorf, Klaus K. E. (2005). Jackson, Julia A.; Mehl, James P.; Neuendorf, Klaus K. E. (уред.). Glossary of Geology. Springer Science & Business Media. стр. 257. ISBN 9780922152766. Посетено на 2015-06-06.

Надворешни врски