Лебедово езеро: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ситна поправка
→‎Втор чин: дополнување
Ред 35:
''Трета сцена: Дворецот'': Во дворецот, сè е подготвено за свечената церемонија и се собираат гостите, а списокот на потенцијалните невести е определен. Во чест на принцот Зигфрид танцуваат принцезите од различни кралства. Но, тој не може да избере ниту една од нив, зашто неговото срце копнее само за Одета. Неочекувано, слугите го најавуваат пристигнувањето на непозната принцеза. Повторно, тоа е дел од планот на Ротбар, кој го испраќа црниот лебед, т.е. сестрата на Одета, Одилија. Таа е прекрасна и ги воодушевува сите присутни, а Зигфрид ѝ се колне на вечна љубов. Меѓутоа, веднаш потоа, тој како да се освестува и го чувствува плачот на Одета, а срцето го повикува да оди да ја пронајде. Во дворецот настанува паника, а само Ротбар ликува, знаејќи дека следува најлошото за Зигфрид.<ref>П. И. Чајковски, ''Лебедово езеро''. Скопје: Македонска опера и балет, 2017.</ref>
 
''Четврта сцена - Езерото'': Се крева [[бура]] и езерото е разбранувано. Одета е вознемирена, а нејзината [[душа]] плаче. Ротбар ја контролира ситуацијата и чека Зигфрид да се појави на предвидениот испит. Доаѓа Зигфрид, кој ја предал својата вистинска љубов и го уништил својот идеал. Тој ја замолува Одета за прошка, објаснувајќи дека некој друг го контролира неговото сознание. Тогаш, пред нив се појавува Ротбар и Зигфрис сфаќа кој е тој човек. Лебедите и Одета му се покоруваат на Ротбар, а Зигфрид е немоќен да се спротивстави на неговата црна сила. Зигфрид пука со самострелот кон Ротбар, но злото не е казнето, туку саканата девојка е мртва. Зигфрид е очаен поради смртта на својата вистинска љубов и за него нема повеќе место на овој свет. Истовремено, тој е решен да биде со Одета на другиот свет и затоа се фрла по неа во бездната...<ref>П. И. Чајковски, ''Лебедово езеро''. Скопје: Македонска опера и балет, 2017.</ref>
 
''Епилог'': На хоризонтот се појавуваат првите сончеви зраци. Злобниот волшебник е разочаран, зашто ако постои саможртвување, тогаш постои и љубовта. Оттука, Ротбар го запира сонот и момчето се буди, прашувајќи се дали сето тоа било само сон. Меѓутоа, како награда, судбината му испраќа вреден подарок - пред него се појавува девојката за која тој мечтаел целиот живот, Одета од неговиот сон. Двајцата притрчуваат еден кон друг во прегратка, а сето тоа го набљудува Ротбар, кој сфаќа дека не може да ја уништи вистинската љубов. Ротбар си заминува...<ref>П. И. Чајковски, ''Лебедово езеро''. Скопје: Македонска опера и балет, 2017.</ref>
 
==Преработки на Лебедово езеро==
* „Лебедово езеро“ (''Swan Lake'') - песна на британската [[Рок-музика|рок]]-група „[[ПИЛ (рок-група)|ПИЛ]]“ (''Public Image Ltd.'') од 1979 година.<ref>[https://www.youtube.com/watch?v=nLDL0G8U8Xo YouTube, Public Image Ltd. – Metal Box (FULL ALBUM | HQ SOUND) (пристапено на 29.5.2017)]</ref>
* „Лебедово езеро“ (''Swan Lake'') - песна на британската [[Рок-музика|рок]]-група „[[Меднес]]“ (''Madness'') од 1979 година.<ref>[https://www.youtube.com/watch?v=-utkYnIV1_k YouTube, Madness - Swan Lake (пристапено на 3.12.2017)]</ref>
 
== Наводи ==