Вулканизам во Македонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 22:
 
== Кумановско-светиниколска вулканска област ==
[[Податотека:Викиекспедиција Козјачија 035.jpg|мини|десно|250п|[[Костоперска Карпа]], [[Кумановско]] — остаток од голема вулканска плоча.]]
Кумановско-светиниколската вулканска област се наоѓа меѓу [[Младо Нагоричане|Нагоричане]], [[Кумановско]] до [[Свети Николе]]. Вулканите биле од линеарен тип, кои се наоѓале на местата на длабоките структури и од нив се излевала базична лава, а вулканските избиви биле следени и со послаби експлозии. Лавата, која се продуцирала на површината на Земјата, градела [[Слив|сливови]] и плочи од базична лава што се наредени еден преку друг. Во одредени фази на работата на вулканите се произвела и одредена количина на пирокластични материјали што се наталожени преку сливовите на лави. Староста на оваа вулканска активност е на границата на олигоценот и на миоценот.
 
== Бучимско-боровдолско-дамјанска вулканска област ==
[[Податотека:ЕкспедицијаЛакавичко 16.jpg|мини|десно|250п|Вулкански купи крај езерото [[Мантово]], [[Радовишко]].]]
Бучимско-боровдолско-дамјанската вулканска област е просторно сместена меѓу [[Штип]] и [[Радовиш]]. Како морфолошки облици се забележуваат вулканските купи и кратери: [[Пилав Тепе]], [[Трескавичка Чука]] и др. За оваа вулканска активност е поврзано и оруднувањето на [[бакар]] во [[Бучим]] и во [[Боров Дол]] и одруднувањето на железо во [[Дамјан]].<ref name="Геодив" />
 
Ред 33:
 
== Кожуфска вулканска област ==
[[Податотека:Витачево.jpg|мини|десно|250п|Висорамнината [[Витачево]], сочинета од [[туф]].]]
Кожуфската вулканска област е најмладата вулканска област во Македонија. Нејзината старост е одредена како миоценско-плиоценска до квартерна. Се наоѓа меѓу [[Кавадарци]] на север и планината [[Кожуф]] на југ со продолжеток кон [[Егејска Македонија]]. Вулканската активност се карактеризирала со експлозивна работа на вулканите и производство на голема количина на пирокластични материјали, кои, во периодот од плиоцен до квартер го заполниле [[Тиквешко Езеро|Тиквешкото Езеро]]. Денес во морфологијата на планината Кожуф се забележуваат бројни остатоци од некогашните вулкани како што се: [[Васов Град]], Коприва, Прашник, [[Цврстец]], [[Острец]], [[Дудица]] и [[Момина Чука]]. Со оваа вулканска област се поврзани и минерализациите: на [[бакар]], на [[олово]] и на [[цинк]] на Дудица, како и минерализациите на: [[арсен]], [[антимон]], [[злато]] и [[талиум]] во [[Алшар]].<ref name="Геодив" />
 
== Охридско-коселска вулканска област ==
[[Податотека:Kosel vulkan 1.JPG|мини|десно|250п|Вулканска образба кај Косел.]]
Охридско-коселската вулканска област се наоѓа северно од [[Охрид]]. Тука вулканската активност е поврзана за систем на [[Расед|раседи]] од кои најпознат е [[Коселски Расед|Коселскиот Расед]]. По должината на раседните структури кај селата: [[Песочани]], [[Вапила]], [[Косел]], [[Велгошти]] се појавуваат поствулкански појави како што се [[Мофети|мофетите]]. Најпозната е [[солфатара]]та-мофета кај селото Косел.