Василиј Кандински: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 25:
Второ рано влијание врз неговото творештво имала и Руската народна уметност со која се запознал при патувањето во некои северни провинции. Во [[1889]] година ги проучувал старите мајстори во [[Москва]] и [[Петроград]], кога и за прв пат го посетил [[Париз]], каде повторно се вратил во [[1892]] година. Василиј Кандински дипломирал на [[Московски државен универзитет Ломоносов|Московскиот универзитет]] во [[1893]] година.
 
Во својата дваесет и деветта година од животот, (1896г.)односно во 1896 година, за првпат ја видел изложбата на француските [[Импресионизам|импресионисти]] која била пресудна да ја напушти правната кариера. Така тој заминал за [[Минхен]] да студира [[сликарство]] во [[1900]] година каде се стекнал со диплома од тамошната Кралска Академија.
 
Како значаен период во собирање на искуство е неговиот престој во [[Париз]] есента [[1902]] и во [[Тунис]] [[1902]]-[[1903]] година, потоа неговиот едногодишен престој во [[Италија]] од каде заминал за [[Дрезден]]. Повторно се вратил во [[Париз]] во [[1906]] година каде останал една година. Во [[1908]] година се вратил во [[Минхен]] каде останал да живее во наредните шест години.